fbpx

Вучиќ: Приведени се осомничени за следење на Мило Ѓукановиќ

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа по состанокот на Бирото за координација на службите за безбедност, изјави дека на територијата на Србија биле подготвувани нелегални активности за територијата на Црна Гора и дека се приведени две лица кои го следеле движењето на премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

– Ние имаме цврсти материјални докази, дури и пари, 125.000 евра, униформи и многу други работи – рече Вучиќ и додаде дека во целиот случај постои „интернационален елемент“.

Тој рече дека лицата што ги подготвувале нелегалните активности се под контрола на државните органи во Србија и дека за тоа се известени безбедносните органи во Црна Гора.

Вучиќ додаде дека во случајот не биле вмешани ни политичари од Србија ниту од Црна Гора. Тој додаде дека лицата уапсени во Црна Гора под обвинение за тероризам не се поврзани со тој случај и дека државните органи во Подгорица треба да ја утврдат нивната евентуална одговорност.

Пред парламентарнтие избори во Црна Гора на 16 октомври, уапсени се 20 лица од Србија осомничени за тероризам и за обид за киднапирање на Ѓукановиќ, а осомничен за водач на таа криминална група е поранешниот командант на жандармеријата на Србија, Братислав Дикиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...