fbpx

Централна Грција повторно погодена од катастрофални поплави

Грчките власти ги советуваат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, а жителите поминаа тешка ноќ, без струја и вода

-

Невремето „Елиас“ ги погоди централните делови на Грција, и тоа само неколку недели по „Даниел“ кој зад себе остави пустош. Градот Волос, северниот дел на островот Евија и областа Тесалија повторно се погодени од поплави како последица на интензивните врнежи, пренесува весникот Катимерини.

Грчките власти ги советуваат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, а жителите поминаа тешка ноќ, без струја и вода. Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1.200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации.

Училиштата во неколку општини во централните делови на Грција останаа затворени, додека државните власти на приправност ја ставија опремата во случај на поплави. Силни врнежи беа регистрирани во средата, но метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Во четири населени места на островот Евија на сила е целосна забрана за движење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...