fbpx

Извештајот на дванаесетмината: како конкрено влијае на македонскиот случај

Овде се задржуваме на анализа како конкретните предложени принципи на проширувањето содржани во Извештајот влијаат на Македонија

-

Најпрвин да раздвоиме – што е толкување на предлозите на Извештајот на француско-германската екпсертска група за реформи на Унијата, а што е проценка за тоа што е остварливо, кога предлозите ќе блезат во „политичкиот барабан“.

Овде се задржуваме на анализа како конкретните предложени принципи на проширувањето содржани во Извештајот влијаат на Македонија.

Принципите за исполнување услови за пристапување

  1. „Најпрвин темелите“, односно темелните права и владеењето на правото се првиот принцип – доследно на принципите на реформата за целата ЕУ. Има големо влијание на целиот тек на процесот за сите држави, и следствено, за Македонија.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Не само што држава што не го почитува владеењето на правото не би можела да стане членка, туку не би можела да има пристап до единствениот пазар, ниту да користи фондови од ЕУ. Значи, непочитувањето на овој принцип би довело до своевидна „изолација“.

За жал, ние кај овој принцип се стрмоглавивме, особено со последните „жртви“ за уставните измени, кршејќи го флагрантно владеењето на правото.

  1. „Гео-политичкиот услов“: целосна усогласеност со ставовите на ЕУ за заедничката надворешна и безбедносна политика, а тоа актуелно се позициите за санкциите кон Русија. Македонија го исполнува овој услов, но политичките субјекти треба да имаат на ум дека во континуитет треба да се остане доследен (дури и ако одлучувањето за ова прашање премине на квалификувано мнозинство).
  2. „Разрешување конфликти“: Извештајот не ја користи досегашната терминологија „разрешување на билатералните спорови“. Се предлага државите кои имаат „долготраен воен судир“ или „територијални спорови со друга држава кандидатка или држава членка на ЕУ“ да не можат да ѝ се придружат на ЕУ. Долготрајна војна или територијални спорови имаат сите сегашни кандидати и потенцијални кандидати освен Македонија. Наметнатиот спор од страна на Бугарија не може да се подведе под ниеден од двата дисквалификациони услови од овој Извештај. Имплицитно, тоа значи тргање на овој спор надвор од процесот на пристапување, што секако е многу поволно за Македонија.
  3. Дополнителна техничка и финансиска помош: Ова е повеќе принцип кој, пред сé, се однесува на Унијата. Во секој случај е добредојден за Македонија, доколку умешно ја искористи дополнителната помош.
  4. Демократски легитимитет и учество: Се предлага редовен дијалог меѓу Европскиот парламент и националните парламенти и на државите членки и на државите кандидати. Ова го има и досега преку парламентарните комитети за стабилизација и асоцијација и групите за соработка на парламентите, но можни се и нови начини. Предлогот за учество на граѓаните во државите кандидати во механизмите за учество во ЕУ е добредојден. Во секој случај, овде повеќе ќе биде во прашање нашиот капацитет за дијалог, и покрај долгогодишното искуство, особено што претпоставка за учество во таквиот дијалог на ниво на ЕУ е развиен внатрешен дијалог за процесот, кој сега го нема.

Дванаесетте експерти ги предлагаат следниве принципи на постапката за пристапување:

  1. Еднаквост: на постапките и критериумите за членство за сите кандидати. Секако би било поволно за Македонија, но доколку сериозно се зафати со реформите. Веројатно е и најтешко да се поверува дека ќе се оствари, имајќи го предвид нашето досегашно негативно искуство.
  2. Систематизација: Со оглед на постојната можност од Методологијата за проширување за фазна интеграција во одделни политики, како и постојните поелаборирани предлози за ваквата интеграција, Извештајот се залага за поструктуирана и условена методологија за секторска интеграција. Иако не навлегува во предлозите за фазна интеграција, добро е што документот го препознава проблемот на неструктуираност, што може да доведе до конфузен процес. Структуираност би била од полза за сите кандидати, вклучувајќи ја Македонија, и заради тоа што би го намалила притисокот за капацитети за управување со паралелни интегративни процеси одн. на процеси кои се преклопуваат.
  3. Реверзибилност: можност за враќање во поранешна фаза. Се предлага проширување на принципот (востановен со новата Методологија на проширување) не само формално во преговарачкиот процес, туку и во однос на парцијалната интеграција. Ова, пак, е во полза на владеењето на правото.
  4. Квалификувано мнозинство: Се предлага со него да се одлучува во сите чекори во пристапниот процес, освен за крајниот чекор – самото членство, за кое би останала двојната „едногласност“ – во Европскиот совет и со национална ратификација на пристапниот договор. Изрично се наведува дека ова е со цел „Унијата да има капацитет да отвора или затвора поглавја, заштитена од посебни сопствени национални интереси“ и дека „новите фази би се одобрувале со квалификувано мнозинство за да се избегне поедничените држави членки да го блокираат напредокот од национални причини“.  Ова е најповолниот предлог за Македонија. Во нашиот случај, неговото  усвојување би овозможило процесот да се фокусира на реформите, со потенцијал постепено да го врати кредибилитетот на процесот и трансформационата моќ на Унијата. Тоа не би го разрешило спорот со Бугарија, но би можело да ја отстрани неговата доминација во домашната агенда, а и голем дел од наметнатиот товар во процесот на пристапување, кој нема врска со acquis.  Ова, се разбира, доколку ние правилно се насочиме и градиме капацитети за суштествено разбирање и правилна примена на acquis.

Доаѓаме и до прашањето: Какви последици ова би имало на фамозната Преговарачката рамка? Преговарачкатите рамки (не само за нас туку за сите држави во процесот) не само што ќе можат, тука ќе мора да се сменат, за да се воведе квалификувано мнозинство за сите чекори во процесот на пристапување освен последниот. Сега во нив е предвидена едногласност за “меѓувремените“ чекори во преговорите, како што се отворањето кластери и затворањето поглавја.

И, конечното големо прашање: колку ова е политички можно? Јасно е дека експертите во Извештајот го ставиле на маса сé она што е политички некоректно или неопортуно да го кажат политичарите. Исто така е јасно дека има многу опции, и комбинации на опции, а изборот на решенијата е политичка одлука на државите членки.

Како и да е, дали има политичка волја во Унијата ќе се види многу бргу – по тоа дали Унијата ќе ги прифати или барем ќе постапи по чекорите кои Групата ги предлага до изборите, а тоа е за неполна година – до следниот јуни. Меѓу нив е и предлогот да се реформира пристапниот процес преку квалификувано мнозинство, за што не е потребна промена на основачките договори, туку на секундарно законодавство. Тука е и предлогот веќе на Европскиот совет во декември 2023 година ЕУ и државите кандидати да декларираат заедничка посветеност за подготовка на проширувањето до 2030 година.

А дотогаш понудените решенија од експертите заслужуваат објективна анализа и дебата и кај нас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...