
Компанијата „Опен АИ“ која го создаде популарниот чет-бот ChatGPT потврди дека овој јазичен модел сега може да пребарува на интернет и да им обезбеди тековни информации на корисниците.
Системот со вештачка интелигенција досега беше обучен само преку користење на податоци објавени заклучно до септември 2021 година и немаше пристап до интернет мрежата во реално време.
Новиот потег значи дека некои премиум корисници на ChatGPT сега ќе може да му поставуваат прашања за тековните случувања и да пристапуваат до вести, пишува Би-би-си.
Од „Опен АИ“ најавија дека функцијата наскоро ќе стане достапна за сите корисници на чет-ботот.
Претходно неделава, компанијата откри дека чет-ботот наскоро ќе може да има и гласовни разговори со корисниците.