сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: чет-ботови | 18 резултати

Четботот на „Гугл“ – Бард од денеска е достапен и во Северна Македонија

13 јули 2023

Четботот со вештачка интелигенција на „Гугл“, наречен Бард денеска беше лансиран во Европа и сега е достапен и за корисниците во Северна Македонија. Ривалот на ChatGPT денеска официјално дебитираше и во земјите-членки на Европската Унија, откако „Гугл“ ги разреши безбедносните грижи на корисниците што доведоа до тоа ЕУ да го блокира неговото лансирање. Бард од […]

ChatGPT отсега и како мобилна апликација

19 мај 2023

Компанијата „Опен АИ“ лансираше апликација за ChatGPT, но само за уредите кои работат на оперативниот систем iOS, најавувајќи дека Андроид верзијата ќе пристигне наскоро. Како што пренесува „Врџ“, апликацијата е бесплатна за симнување и користење и истата ја синхронизира историјата на разговор помеѓу повеќе уреди. Апликацијата нуди можност и за гласовно внесување, со поддршка на […]

Генеративна вештачка интелигенција отсега и на пребарувачот на „Гугл“

11 мај 2023

„Гугл“ објави дека воведува генеративна вештачка интелигенција на својот главен пребарувач, следејќи го потегот на „Мајкрософт“ кој го вгради четботот GPT-4 во својот пребарувач Бинг. Би-би-си пренесува дека, според компанијата, функцијата „Search Generative Experience“ – која ќе биде дел од Гугл – ќе создава одговори на отворени прашања. „Гардијан“ пишува оти со ова, Гугл се […]

Италијанците повторно имаат пристап до ChatGPT

2 мај 2023

Во Италија е вратен пристапот до четботот ChatGPT, пренесе Би-би-си. Четботот беше забранет од италијанскиот орган за заштита на податоци на почетокот од април, поради загриженост за приватноста. Матичната компанија на ChatGPT, „ОпенАИ“, инаку поддржана од „Мајкрософт“, рече дека успешно ги разјаснила прашањата со италијанскиот регулатор. Од компанијата велат дека нејзината политика за приватност сега […]

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција

22 март 2023

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита […]

Гугл го лансираше својот чет-бот Бард, но само за лица над 18 години

22 март 2023

Гугл вчера го лансираше својот чет-бот наречен Бард, за почеток во Обединетото Кралство и САД, и во моментов е достапен само за одредени корисници на возраст над 18 години. Станува збор за круцијален момент за компанијата, чија профитабилна услуга за пребарување на Интернет е под ризик да биде надмината од чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ), […]

Нова студија открива кои работни позиции може да бидат заменети од чет-ботови

21 март 2023

Кај речиси 80 отсто од работната сила во САД, најмалку 10 отсто од работните задачи би можеле да бидат засегнати од вештачката интелигенција, открива нова студија. Кај 19 отсто од работниците, пак, околу половина од нивните задачи може да бидат погодени од воведувањето на алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT. Истражувањето е спроведено од страна […]

„Опен АИ“ го најави GPT-4, наследникот на ChatGPT

15 март 2023

Компанијата „Опен АИ“ (Open AI) ја најави најновата верзија на својот популарен чет-бот со вештачка интелигенција, ChatGPT. Новата верзија го носи името GPT-4. Компанијата вели дека најновиот модел е покреативен, со помала веројатност да измислува информации и помалку пристрасен од неговиот претходник, пренесува „Гардијан“. Новина кај чет-ботот, како што пишува Би-би-си, е што овој модел […]

Снепчет го објави својот чет-бот базиран на ChatGPT, наречен „My AI“

28 февруари 2023

Снепчет воведува чет-бот напојуван од најновата верзија на ChatGPT на компанијата „Опен АИ“. Според извршниот директор на Снепчет, Еван Шпигел, чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ) во голема мера ќе станат дел од секојдневниот живот на голем број луѓе, пишува „Врџ“. Наречен „My AI“ (Моја ВИ), ботот на Снеп ќе биде прикачен во делот на опцијата […]

Во новата епизода на „Шорткат“ ги разоткриваме дезинформациите околу војната во Украина

23 февруари 2023

Најраспространетите митови и дезинформации што изминатава година ја следеа руската агресија врз Украина се главна тема во новата епизода од „Зошто (не) е така“, а од која дел ќе емитуваме во вечерашното, 74-то по ред издание на вестите за млади „Шорткат“. За митовите и дезинформациите за војната во Украина зборуваат новинарки и познавачи на темата. […]

Познати соговорниците на дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“

20 февруари 2023

Дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“ ќе се одржи на 22 февруари (среда), со почеток од 18 часот, во Јавна соба во Скопје. Настанот е од отворен тип, а на него ќе говорат Тамара Димитрова – предавач на Brainster Next College, Петар Фидановски – советник за ИТ стандардизација во Министерството за информатичко општество […]

Дивата депонија со линдан кај Пеленица во фокус на новата епизода на „Шорткат“

16 февруари 2023

Опасноста која демне од третата дива депонија со линдан од ОХИС, лоцирана на местото Пеленица во близина на скопската населба Драчево е главната тема која ја третираме во 73-тата епизода на емисијата „Шорткат“. Ја пренесуваме сликата од оваа депонија каде се складирани огромни количини токсичен отпад без никаква заштита. Во новите вести за млади информираме […]

Има ли разбирачка со чет-ботови – дознајте на дебатата за млади

13 февруари 2023

Чет-ботовите се компјутерски програми дизајнирани да симулираат разговор со друг човек на Интернет. Како такви, можат  да бидат интегрирани на вебсајтови, платформи за пораки и мобилни апликации и да обезбедат брзи и автоматизирани услуги за клиентите, да извршуваат рутински задачи или едноставно да нудат информации и препораки. Последните неколку години, а особено по лансирањето на […]

„Гугл“ го лансираше Бард, ривалот на ChatGPT

7 февруари 2023

„Гугл“ лансира чет-бот со вештачка интелигенција наречен Бард со цел да му парира на ChatGPT, јавува Би-би-си. Бард за почеток ќе го користат група тестери пред да биде претставен во јавноста во текот на наредните недели, соопшти компанијата. Чет-ботот е изграден на постоечкиот јазичен модел на „Гугл“ наречен Ламда, кој еден инженер кој работел на […]

Страна 1 од 1