fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: „Мекдоналдс“ не користи човечко месо во своите производи

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави. „Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како одговор на прашање во делот „Вашето право да знаете“,...

Вистиномер: Со монтирана фотографија се дезинформира дека Бил Гејтс бил осуден во Гвантанамо

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не е од Бил Гејтс, ниту пак, тој бил некогаш осуден во Гвантанамо. Оригиналната фотографија којашто е злоупотребена и фалсификувана во постот,  е извадена од еден видеоматеријал достапен на Јутјуб,  во којшто е претставена смрт...

Вистиномер: Лажна Фејбук страница на КАМ маркети манипулира со граѓаните преку непостоечка наградна игра

Станува збор за фан страница на Фејсбук во која логото на КАМ маркетите, кое иако е слично, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан страницата, која е креирана пред неколку дена. Веднаш по креирањето на фан страницата,...

Вистиномер: Произволно се тврди дека Бајден има двојник

Повеќе светски медиуми известија дека во саботата Бајден паднал од велосипед, додека возел со својата сопруга во близина на неговата викендица во Рехобот Бич во Делавер. На Бајден не му требала медицинска помош, според Белата куќа и немал повреди од падот. Откако станал, како...

Вистиномер: Не е точно дека студија покажала дека 80 проценти од вакцинираните жени имале спонтан абортус

Не е вистина дека според студија на First New England Medicine, 80 проценти од жените што се вакцинирале во првото и второто тримесечје од бременоста имале спонтан абортус. Написот кој се темели на студијата, како што пишуваат странски проверувачи на факти , е повлечен...

Вистиномер: Спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер

Наспроти тврдењето во постот што го рецензираме, вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава е посочено е дека вакцините против ковид-19 не може да предизвикаат рак. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден...

Партиите станаа иматели на информации од јавен карактер, но останаа недоволно транспарентни

Три години откако беа опфатени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кој станаа иматели на информации од јавен карактер поврзани со нивното финансиско работење, политичките партии сé уште не се на задоволително ниво на транспарентност во делот на приходите...

Вистиномер: Религиозен ритуал претставен како педофилија

Не е вистина дека на видеото, споделено во рамките на постот, е прикажан доказ за педофилија. Станува збор за религиозен ритуал, кој иако е контроверзен и поттикнува дебати ширум светот, сепак не вклучува педофилија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме...

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа...

Вистиномер: Фотографија од вежба на борбени авиони злоупотребена за ширење теории на заговор за кемтрејлс

Воопшто не станува збор за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс туку за обични траги од авион предизвикани од кондензација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Анализираме пост на...

Вистиномер: Манипулација со фотографии од споменици во Русија и Хаг

Скулптурата на човечка фигура со различни полови карактеристики и животно налик на мечка на неговата глава се нарекува „И животот е на другата страна“ (And Life Is Over There), и се однесува на стих од песна на Емили Дикинсон. Според авторката Феми Отен, скулптурата...

Вистиномер: Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во...

Вистиномер: Ненадејната смрт кај возрасните луѓе не е поврзана со вакцината против ковид-19

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС (синдром на ненадејна аритмична смрт). САДС постои децении пред да се појави пандемијата со коронавирусот и вакцините против ковид-19. Исто така, не е јасно од каде потекнуваат структурите на...

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган...

Вистиномер: Нема докази дека Џастин Бибер се парализирал поради вакцината против ковид-19

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19 бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не ...

Контраспин: Непостоечки економски геноцид и наводни спасувачки блокади на институциите – спин до спин во говорот на Мицкоски

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што вели во својот говор, самиот се смета за „прв меѓу еднаквите кој ја добил големата одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија“, во својот говор, кој...

Вистиномер: Адренохромот се добива синтетички во лабораторија, а не од крв на киднапирани деца

Да се извлече адренохром од живо човечко битие, би претставувало многу комплицирана процедура, со многу чекори за прочистување и операции. Наспроти таквиот начин на добивање, аденохромот е едноставна молекула која може да се синтетизира во лабораторија. Адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3,...

Вистиномер: Не е точно дека во ОН терминот „македонски јазик“ е заменет со „јазик на РС Македонија“

Постот шири невистини за наводно интерно упатство на ОН да се користи терминот  „јазик на Северна Македонија“, наместо „македонски јазик“. Ваквите дезинформации беа демантирани од ОН и од македонското МНР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук тврди дека...

Вистиномер: Нема никакво „распаѓање на Македонија“, ниту „создавање на Етничка Албанија“

Иако двата најголеми државни извори на информации, кои се финансирани и ги промовираат официјалните политики на Кремљ низ светот, „Русија денес“ и „Спутник“ немаат директно присуство во земјава, некои од наративите преку кои Русија низ годините се обидуваше да влијае и да ги вметне...

Вистиномер: Клаус Шваб не бил сниман од скриена камера и не рекол дека во џеб ги има политичарите, медиумите и научниците

Шваб не само што не е снимен од скриена камера и не дава некое бомбастично признание „дека ги има во џеб сите релевантни организации од сите сфери“, туку само дава опис на тоа кои партнери работат и се соработници со Светскиот економски форум. Видеото...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...