fbpx

Проверка на факти

Ковачевски не си ја зголемил сопствената плата – одлуката е на Уставниот суд

Што ќе се случува по одлуката на Уставен суд да укине делови од законско решение со кое беа „замрзнати“ платите на избраните и именуваните лица сè уште е непознато, иако поизвесно е дека ќе има некакво зголемување. Но, затоа пак, познато е дека причините...

На оваа фотографија не е претседателката на Естонија со синот

На фотографијата споделена во постот е Керсти Калјулаид, но таа не е сегашна, туку поранешна претседателка на Естонија. Исто така, Калјулаид не е со нејзиниот син, туку со Мик Парниц, писател и активист кој се залага за заштита на правата на жртвите на сексуално...

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи...

Не е точно дека Лондонската галерија ќе ја отстрани сликата на Јан ван Ајк

Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега за неа стигнале поплаки. Првпат оваа слика  била изложена во далечната 1843 година токму во Националната галерија...

Влијанието на Бугарија – принцип на обратен азимут

За разлика од влијанието на Русија и Кина во С. Македонија, кое во најголема мера се шири врз основа на позитивна идентификација и посакувани и/или споделувани вредности, може да се каже дека она влијание, коешто го остварува Бугарија, се базира на одбивање, негирање, па...

Помошта од САД за Украина не е лично за Зеленски

На сајтот на Стејт департментот транспарентно се наведени сите видови на помош кои САД ѝ ги дава на Украина, но тие не одат за Зеленски лично, a уште помалку за глума или актерски ангажман, како што се тврди во постот. Од јануари 2021 година...

Путин претставен како спасител на Украина

Војната којашто Русија ја започна пред повеќе од една година однесе илјадници животи, милиони луѓе се раселени, ја потресе глобалната економија и повторно ги отвори поделбите од времето на Студената војна, како што е стравот од нуклеарна војна. Тврдењата дека Путин исправал некакви неправди...

Зеленски не ја претвора војната во религиозна, туку ја брани Украина од руска пропаганда во црквите

Руската православна црква и нејзиното водство активно ја поддржуваат агресијата на Путин на Украина. Тајната служба на Украина има регистрирано случаи во кои свештенството на Украинската православна црква – Московска патријаршија се вклучувало во оправдување на руската агресија против Украина и колаборација со руски трупи во окупираните територии....

Фотографија со НАТО знаме лажно претставена како да е од собата на Одри Хејл

Споделената фотографија за која се тврди дека е од спалната соба на Одри Хејл, каде се закачени ЛГБТИ знамиња и НАТО знаме  е стара. Фотографијата е објавена на Твитер во 2021 година и не е од собата на 28 – годишната поранешна студентка, за...

Не е точно дека невакцинираните деца се екстремно поздрави и попаметни од вакцинираните

Фото: Pixabay/qimono
Нема никакви научни докази базирани на истражувања од кои може да се извлече заклучок дека децата не треба да се вакцинираат или дека невакцинираните деца се поздрави и попаметни од вакцинираните. Вакцините спречуваат заразни болести, немаат никаква врска со интелигенцијата на детето. Во...

Пропаганда: Неосновано величење на Трамп како спасител на деца од мрежа на педофили

Нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Оваа теорија на заговор е добро позната и ја шират  поддржувачи...

Измама: Киппер не доделува 870 специјални ќеси со подароци

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања. Фејсбук страницата од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра. Не...

На 31 март немало оружен грабеж кај Скопјанка

Веста за  грабежот што наводно се случил минатиот петок кај Скопјанка, се темелеше на сведоштво и фотографија од неименуван очевидец, читател на порталот што ја пласираше веста. Но, набрзо се покажа дека информацијата е погрешна, дека немало оружен грабеж во Скопјанка.  Тој ден МВР...

Мета факт: Сè уште нема поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години

Поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето – ова ветување стои во предизборната програма на владејачката СДСМ за парламентарните избори во 2020 година. СДСМ на чело со Зоран Заев тогаш ја формираше новата владина коалиција,...

Манипулативен пост по секоја цена ги оправдува Путин и руската агресија врз Украина

Во објавата манипулативно се тврди дека Путин не е виновен за војната којашто Русија ја води на територијата на Украина која е автономна, суверена и независна држава. Русија под негова команда пред повеќе од една години изврши воена инвазија врз Украина, што е најголем...

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата...

Неделата на проверката на факти во 2023 во знак на борбата против дезинформации на различни фронтови

Фондацијата Метаморфозис и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април - Денот на проверката на факти, при што во текот на целата оваа недела ќе се одржат редица настани за проверката на факти и во земјава и на меѓународно ниво.   ПРЕГЛЕД Овогодишниот Ден за...

Во Бугарија Борисов во блага предност, можна е широка коалиција

Според најновите информации за вчерашните парламентарни избори во Бугарија, петти по ред во последните две години, во блага предност е коалицијата ГЕРБ-СДС, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според 93,39 отсто од пребројаните гласови во реонските изборни комисии, коалицијата ГЕРБ-СДС води...

Интервју со украинската новинарка Зоја Красовска: Руските дезинформации го загрозуваат целиот свет

Од почетокот на руската агресија во Украина, на 24 февруари 2022 година, дневните информативни хроники на сите медиуми во нашата земја се полни со информации за состојбата на воените борби таму. За тивката и лукава војна преку пропаганда и дезинформации на Кремљ, се зборува...

На фотографијата се Кончита Вурст и нејзиниот менаџер, а не премиерот на Луксембург и неговиот партнер

Не е точно тврдењето дека на фотографијата што се шири на Фејсбук се прикажани премиерот на Луксембург,  Ксавиер Бетел и неговиот партнер. На фотографијата се австриската пејачка Кончита Вурст и нејзиниот деловен менаџер Андре Карсаи. Фотографијата ја направил австрискиот фотограф Џеф Мангионе, а ја...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...