На оваа фотографија не е претседателката на Естонија со синот

Наспроти тврдењето изнесено во постот, Парниц не е син на поранешната претседателка на Естонија, Керсти Калјулаид. Фотографијата во конкретниот пост е од доделувањето на награда за Парниц за неговата кампања „Не е во ред“, пишува „Вистиномер“.

-

На фотографијата споделена во постот е Керсти Калјулаид, но таа не е сегашна, туку поранешна претседателка на Естонија. Исто така, Калјулаид не е со нејзиниот син, туку со Мик Парниц, писател и активист кој се залага за заштита на правата на жртвите на сексуално насилство. На фотографијата е презентиран јавен настан на кој Парниц во согласност со своите и претходни контроверзни и ексцентрични јавни настапи, се појавил на церемонијата за доделувањето награда облечен како жена, во високи потпетици и фустан, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Претседателката на Естонија, со синот (ќерката).

Во рамките на објавата споделена е фотографија на која се наоѓа поранешната претседателка на Естонија, Керсти Калјулаид. Таа стана првата жена претседател на Естонија во 2016 година, а петгодишниот мандат како претседателка го заврши во 2021 година.

Од десната страна на фотографијата која се споделува во постот се наоѓа Мик Парниц, писател и активист кој се залага за заштита на правата на жртвите на сексуално насилство. Тој на фотографијата е облечен во розов фустан и носи чевли со високи потпетици, а во рацете држи плакета и цвеќе.

Наспроти тврдењето изнесено во постот, Парниц не е син на поранешната претседателка на Естонија, Керсти Калјулаид. Фотографијата во конкретниот пост е од доделувањето на награда за Парниц за неговата кампања „Не е во ред“, која беше спроведена на Инстаграм и се однесуваше на спречување на насилство. Но, оваа награда подоцна му беше одземена. На церемонијата тој пристигна облечен во фустан и одржа провокативен говор.

Министерот за правда Раиво Аег објави по церемонијата дека ќе ја одземе наградата од Парниц.

Целта на наградата за превенција на насилството не е само да се заблагодариме за тоа што е направено, туку и да креираме примери. Но, навредливите пораки на Мик Парниц кои допреа до публиката, не беа заслужени и иницираа насилство, рече министерот.

Делот од говорот на Парниц кој особено беше навредлив за властите и кој предизвика најмногу контроверзи отпосле, беше тоа дека Парниц смета дека „естонското семејство е најопасното место за дете и за возрасна жена, бидејќи според него, во самите семејства се случува најголемото сексуално злоставување во Естонија“.

Во секој случај, експретседателката на Естонија, Керсти Калјулаид и Мик Парниц не се во крвно сродство, не се мајка и син, туку на фотографијата е презентиран јавен настан на кој Парниц во согласност со своите и претходни контроверзни и ексцентрични јавни настапи, се појавил на церемонијата за доделувањето  награда облечен како жена, во високи потпетици и фустан. Тогашната претседателка на Естонија на оваа церемонија присуствувала процедурално, односно како дел од официјалниот државен врв на земјата.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека на фотографијата се претставени естонската претседателка во придружба на нејзиниот син (ќерка). Дотолку повеќе, што фотографијата потекнува од постар датум, па и на претседателката и истече мандатот.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...