fbpx

Проверка на факти

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во Делчево (9:30 до 9:55 минута) може да се види дека Пендаровски се шегува и се...

Лага е дека САД финансираат украински нацисти

Тврдењата дека САД финансирале украински нацисти, а Путин исправал некакви неправди во Украина и почнал операција за денацификација, се неточни и имаат за цел само да ја оправдаат руската воена агресија. САД во никој случај не финансираат украински нацисти. Русија ја нападна Украина, а Украина има...

Не постои никаков план за затворање и контролирање на луѓето во „15-минутни градови“

Објавата шири невистини дека луѓето ќе се затвораат во „15-минутни градови“, дека ќе им биде диктирано што и колку да јадат, каде да се движат и какви автомобили да возат. Градоначалникот на Лондон не потпишал никаков договор со СЕФ со кој ќе им наметне...

Со измислени личности на интернет се рекламира препарат за драстично намалување на килограмите

Во објавата се нуди наводен продукт за брзо слабеење и тоа преку неетички, лажен маркетинг, со користење на лажни фотографии. На една од фотографиите се тврди дека е прикажана извесна Надежда Начаева, поранешна вработена во македонскиот ланец на супермаркети КАМ. Но, супермаркетот во којшто...

Контраспин: „Некаквите т.н. родови политики“ се меѓународни стандарди за основни човекови права

Врз основа на Истанбулската конвенција потпишана од Р. Македонија во 2011 година, а ратификувана во 2018 година, како и врз основа на Уставот и еден куп други закони, меѓу кои и оние за спречување на дискриминација, до ден денешен се носат измени на законодавството...

Мета факт: Во тек е вклучувањето на државните инспекторати во Е-инспектор

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Единаесет државни инспекторати се веќе дел од системот Е-инспектор, додека пет чекаат да им се обезбедат технички услови во текот на следните десетина дена. Дигитализацијата на инспекторатите ќе треба да опфати уште 12 инспекциски служби, кои се внатрешни организациски единици на органи на државната...

Девојче повредено пред десет години во војната во Газа, прикажано како жртва на содомија

Девојчето прикажано на фотографијата нема никаква врска со содомија. Девојчето било жртва на војната во Газа и настрадало од артилериски оган во 2014 година. Таа имала фрактура на черепот и скршен нос, поради што се појавиле модринките околу очите. За приказната на малата Нема...

Контраспин: „Еднакво општество за сите“ на Османи подразбира целосно нов Устав

Стратегијата „Едно општество за сите“ е усвоена од Владата и прифатена од Собранието или барем разгледана и одобрена од клучните комисии, во кое/и политиките ги водеа ДУИ со СДСМ и нивните помали коалициони партии и на Албанците и на другите етнички заедници. Оттука, менувањето...

Не е точно дека хрватскиот претседател поднел оставка

Хрватски „Индекс“ за први април објави шеговит текст во кој се наведува дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ си дал оставка и ќе го замени Мирослав Шкоро. Ова е сатирична, шеговита објава, која во објавите што ги рецензираме е претставена како реална вест, иако не...

Кризната состојба не ја прогласи Пендаровски, а војската не е дел од затворската чуварска служба

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 3, Драган Ковачки неточно тврди дека по наредба на претседателот Пендаровски е прогласена кризна состојба, а дека војници и старешини ни ги чуваат затворениците. Кризната состојба не ја прогласи Пендаровски, туку...

Не е точно дека Заев и Битиќи со партиски пари се рекламирале на Фејсбук

Во објава на својата Фејсбук страница партијата Левица тврди дека СДСМ потрошил милионски суми за рекламирање на социјалната мрежа. Меѓу оние што трошеле партиски пари за реклами на Фејсбук се посочуваат и експремиерот Заев, вицепремиерот Битиќи, како и редица онлајн портали. Доколку се проверат...

Фотографија од погрешен човек објавена како да е од осомничен за убиството на малата Данка

Во повеќе објави на Фејсбук споделена е погрешна фотографија на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија. „Вистиномер“ се обрати кај Бранислав Јанковиќ и тој потврди дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, туку е објавен...

Пендаровски беше и во посета, но и го посетија светски лидери

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Ѓорѓија Сајкоски, пред партискиот митинг изјави дека Стево Пендаровски во својата функција како претседател не бил на официјални гостувања, ниту пак примил светски државници со што ги покажува „својот капацитет и безличноста“. Со оглед дека информациите на претседателот се...

Објава шири невистини дека Германија не го признава македонскиот јазик

Ниту Шолц, ниту Шулц изјавиле што било против македонскиот јазик, ниту Германија го негира македонскиот јазик. Напротив, Германија е силен поддржувач и пријател на С. Македонија, а тоа го докажа и со изгласување на резолуција во германскиот Бундестаг со којашто ги призна македонскиот јазик,...

Сахарската прашина е природен феномен, а не намерно труење од воздух

Сахарската прашина е природен феномен се јавува кога над Сахара се наоѓа циклон, односно вртложно движење, кое го крева песокот во повисоките слоеви на атмосферата. Ова е честа појава во пролетните месеци. Најголемата концентрација на пустински песок кај нас е во април и мај,...

Религиозните дизајни на натпреварот за украсување јајца во Белата куќа се забранети со децении

Натпреварот за украсување јајца во Белата куќа се однесува на креации од децата на членовите на Националната гарда, според Американ ег борд, партнер кој Конгресот го основаше во 1976 година. На Бордот му е забрането да дискриминира во сите програми и активности врз основа...

Денот за видливост на трансродовите лица се совпадна со Велигден, одбележувањето нема врска со Бајден

Бајден не ја прогласил велигденската недела за ден на трансродовите луѓе, како што тврди оваа објава на Фејсбук, туку 31 март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица годинава коинцидентно се падна на ист ден кога се одбележува Велигден. Секоја година Велигден се...

Контраспин: Репреговарањето секако носи неизвесност и несигурност во однос на ЕУ

Политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на...

Објава лажно нуди работа за 100 пакувачи на медицинска опрема

Оваа објава не нуди никакви работни позиции за пакувачи на медицинска опрема во Македонија, туку е креирана како кликбејт, односно јадица или мамка, за да се зголеми интернет сообраќајот на одредени страници, од што креаторот на објавата најверојатно ќе добие финансиски надоместок, пишува Вистиномер.    Текстот...

Од Левица преку Родина до ГРОМ и МААК: кои се мегафоните на Москва во земјава?

Северна Македонија во последниве години, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и врз политичките одлуки...