fbpx
Проверка на факти

Проверка на факти

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што пензионерката носи со закон забранета симболика, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Објава на социјалната мрежа Фејсбук од...

Измислица е дека изборните резултати се фалсификат

Објавата без никакви аргументи обвинува за изборен фалсификат, кој не се случи ниту на парламентарните, ниту на претседателските избори. Сите политички чинители ги признаа изборните резултати, без исклучок. Дополнително, надворешните и внатрешните набљудувачи, Јавното обвинителство, немаат констатирано изборен фалсификат. Изборите во земјава се слободни...

Германска локална лидерка на АфД казнета 6.000 евра поради говор на омраза, а не за споделена статистика

Локалната лидерка на Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland – AfD) Марија-Тереза Кајзер беше прогласена за виновна бидејќи ширела говор на омраза и треба да плати казната во сума од 6.000 евра. Во спорната објава Кајзер споделува фотографии – принтскринови од напис на конзервативниот...

Ниту „Република“, ни „Северна“ во заклетвата на новата претседателка

Уште од пред почетокот на мандатот на првата жена претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова, имаше невистинита изјава. Во заклетвата пред парламентот Сиљановска Давкова одби да ги каже како придавката „северна“, така и именката „република“ — целосното уставно име на државата. Со тоа оди...

Не е точно дека Палчо бил екстрадиран во земјава на денот на изборите, а медиумите криеле

Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи од каде добивме одговор дека до моментот (14 мај 2024 точно 14 часот попладне) Палевски не е екстрадиран во земјава. Министерот за правда Кренар Лога истиот ден во гостување во „Слободен печат,“ прашан до каде е...

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не го сторил на 6 мај 2024 година, туку во септември 2021 година, пишува Вистиномер.  Текстот го...

Рускиот воен симбол „Z“ не е поврзан со православното христијанство

Буквата Z нема апсолутно никаква поврзаност со симболите на православната религија, ниту со светото тројство. Ваква теорија никогаш не е споделена во јавноста, ниту пак, кој било  од руска страна некогаш ја споделил како вистинита. Исто така, сосема е неточно тврдењето дека „Z” е...

Сатирична објава го претставува Груевски „на лет за Скопје”

На 20.12.2023 година Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда за предметот познат во јавноста како плацеви на Водно. Ова е важно во контекст на објавата што ја рецензираме од причина што, со оваа одлука на Врховниот суд, на поранешниот премиер Никола Груевски...

Навивачка објава лажно ја претставува Русија како победник во војната со Украина

Објавата неточно тврди дека Украина ја изгубила војната. Вистиномер веќе пишуваше дека Русија држи само околу 17,5 проценти од Украина и тоа вклучително со Крим и т.н. ДНР и ЛНР, кои се одделија уште во 2014 година. Исто така, не е вистина дека Русија...

Објава шири невистини дека Шолц и Фон дер Лајен биле понижени при посета на Кина

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен деновиве не ја посетила Кина, така што не ни можела да помине пасошка контрола заедно со регуларните патници зашто не ѝ бил признаен дипломатскиот статус, како што неточно тврди оваа објава. Германскиот канцелар Шолц навистина беше во  Кина...

Не е вистина дека Груби на Фејсбук ги нарекол политичките противници „копилиња“

Груби зборува за ѓаволштини или уште може да се преведе како мајмунлаци, а не за „копилиња“ како што сака да прикаже објавата што ја анализираме. Точно е дека Фејсбук нуди опција за автоматски превод на кој било јазик, но истиот не треба да се...

Кина не го одбила дипломатскиот статус на Фон дер Лајен, ниту, пак, таа чекала ред со редовните патници

Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно посетата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен дипломатскиот статус, или дека воопшто имало протоколарни проблеми при влегување во државата. A, не е...

Не е точно дека Украина нема црква

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната е Украинска православна црква (УПЦ) – Московска патријаршија, за која има обвинувања дека е поврзана...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство ќе може непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Од коментарите на авторката...

Западот не спровел државен удар во Украина во 2014 година, војната ја започна Русија

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија. Бранот демонстрации,...

Видео од мечка во продавница, снимено во Калифорнија, претставено како да е од Русија

Сите видеоматеријали споделени во објавата се од Америка, и тој каде мечката влегува во продавницата и двете видеа каде незадоволни корисници уништуваат продавници или расфрлаат храна и пијалаци, пишува Вистиномер во текстот кој во продолжение го пренесуваме во целост. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук...

Објава погрешно тврди дека на Кина не ѝ е гајле за Западот

На Кина и тоа како и се важни западните земји, бидејќи тие се нејзини најголеми трговски партнери. Доказ за тоа е и најавата за посетата на кинескиот претседател на Франција, Србија и Унгарија, за подобрување на односите со ЕУ. Ако Кина не извезува во...

Не е вистина дека претседателот на државата нема никакви ингеренции

Објава неточно тврди дека претседателот нема никакви надлежности и дека за сè треба да го прашува премиерот. Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант на вооружените сили. Во Членот 84 од Уставот се јасно дефинирани неговите надлежности, претседателот, на...

Карл Билд не говореше против православието

Станува збор за извитоперена изјава на Билд од 2014 година, кога Русија изврши анексија на Крим, со што си ги влоши односите со демократскиот свет. Билд доста коментирал за тоа на Твитер, на 24.3.2014 г., тој споделил напис од Мајкл Мекфол, бивш амбасадор на САД...

Русија не победува на сите фронтови

Руската армија има извесен напредок, но не на сите фронтови, туку главно во Донецката област, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопштува за заземање на села како Богдановка, Новомихајловка и Первомаjское, што за една суперсила не е баш некаков блескав успех. Русија до ден денес...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...