Контраспин: Терминот „извештајче“ е спин за да се минимизира штетата од Извештајот на ЕУ
ноември 8, 2025
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во едно свое соопштение ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на С. Македонија на патот кон ЕУ, документот го нарече извештајче, притоа оценувајќи дека оценките во него се должеле на прашањето на односите со Бугарија. Ваквата оценка е спин со цел да се покрие штетата во јавноста од негативните оценки во Извештајот за дел од клучните поглавја, особено во првиот кластер „фундаменти“, објави Вистиномер во својот Контраспин