fbpx
Свет Свет Страница 294

Свет

Лекар од Брегот на Слоновата Коска почина од ебола

Властите на Брегот на Слоновата Коска денеска соопштија дека лекарот Џорџ Годфри починал од ебола, така што тој е четврта жртва на болеста меѓу лекарите во Западна Африка. Починатиот бил надзорник во државната болница на северот на земјата. Странските држави, вклучувајќи ја и Кина, кои испратија...

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските...

Европскиот суд ќе пресуди дали ИП-адресите се лични податоци

Европскиот суд ќе треба да одлучи дали ИП-адресите ќе се сметаат за лични податоци, откако германскиот федерален суд одлучи да ја префрли надлежноста на Европскиот суд на правдата на ЕУ. - Пресудата на судот ќе биде од клучно значење за тековната дебата за реформите на...

Сорос: Узбекистанската власта профитира од принудната работа на памучните полиња

Узбекистан секоја година принудно мобилизира повеќе од еден милион граѓани за собирање памук. Поради последниот притисок на меѓународната заедница, властите на Ташкент престанаа да ги принудуваат децата да собираат памук. Сепак, собирањето на памукот зависи од возрасните, кои, според претставници на организациите за заштита на...

Педесет и пет загинати при напад на индиско-пакистанската граница

Најмалку 55 лица загинаа, а 200 се ранети при вчерашниот напад на бомбаш-самоубиец на граничниот премин Вагах, меѓу Индија и Пакистан, јавува „Хиндустан тајмс“. По нападот, зголемени се безбедносните мерки и контролата долж индиско-пакистанската граница. Патак, челникот на пакистанските Сили за заштита на границата, соопшти дека...

САД: Изборите за Конгресот се тест за политиката на Обама

Американците во вторник ќе го избираат новиот состав на Конгресот и една третина од Сенатот. Сегашната слаба популарност на актуелниот претседател Барак Обама им штети на демократите. Сепак, според последните анкети, Американците целосно ја губат вербата во политичарите, а и популарноста на Конгресот, со...

ИСИС зазеде уште едно нафтено поле во Сирија

Борците на исламската држава (ИСИС) во Сирија, денеска соопштија дека заземале нафтено поле во покраината Хомс. Ова е второ плинско поле освоено во последната недела во борбите со владините сили. Радикалната сунитска група на социјалните мрежи објави 18 фотографии на кои се гледа знамето на...

Израел ги затвори граничните премини со појасот Газа

Израел ги затвори единствените два гранични премини со појасот Газа кои беа во функција, соопшти денеска израелската војска, откако во петокот од палестинска територија биле истрелани ракети кон Израел. - Граничните премини за луѓе и за стока, Ерез и Керем Шалом, се затворени на неопределено...

Потполковникот Исаак Зида се самопрогласи за претседател на Буркина Фасо

Државен удар во Буркина Фасо
Потполковникот Исаак Зида се самопрогласи за претседател на Буркина Фасо во телевизиско обраќање кон нацијата. Тој ги повика регионалниот блок Економска заедница на западноафриканските држави и меѓународната заедница да покажат разбирање и да ја поддржат новата власт. Ваквиот потег на Зида, кој е лидер на група...

Почнува со работа новата Европска комисија

Новата Европска комисија(ЕК), на чело со поранешниот премиер на Луксембург и лидер на еврогрупата, Жан Клод Јункер, денеска го почнува својот мандат. Комисијата, всушност, првпат ќе има двајца лидери бидејќи е предвидена и функција прв потпретседател, позиција на која е именуван холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс. Тимерманс ќе биде...

Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

Руските бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО и очигледно симулираат борбени услови, оцени Игор Сутијагин од Кралскиот институт за oбединети служби. Според Сутијагин, изостанувањето на комуникацијата меѓу руските пилоти и контролата за летање е „непријателски“ и „борбен“...

Северна Кореја воведе тридневен карантин за сите странци

Северна Кореја воведе задолжителен тридневен карантин за сите странци што ќе ја посетат земјата поради страв од ебола, јавува магазинот „Тајм“. Западните медиуми со потсмев информираат за ваквиот чекор, имајќи предвид дека засега нема пријавени случаи на ебола во Азија, а Северна Кореја е оддалечена 11.000...

Русија прати помош за борба со еболата во пет африкански држави

Помош за борба против епидемијата на ебола, испорача Русија во пет африкански држави. Пакетите ги исфрли транспортен авион на руската компанија „Волга-Дњепар“. Се работи за пет контејнери, секој со 18 тони заштитни и други средства, изјави по телефон член на екипажот на авионот од Абиџан,...

Израел ја отвори џамијата „Ал Акса“

Израел го отвори комплексот на џамијата „Ал Акса“ за муслиманите, кој вчера беше затворен поради обид за убиство на еврејски активист и убиство на осомничениот за нападот. Улиците на источен Ерусалим утринава се мирни, во пресрет на петочната традиционална попладневна муслиманска молитва. Портпаролката на полицијата,...

Компаоре ја укина вонредната состојба во Буркина Фасо

Во демонстрациите најмалку 30 луѓе загинаа
По насилните демонстрации во главниот град Уагадугу, претседателот на Буркина Фасо, Компаоре, ја укина вонредната состојба воведена вчера. Тој ја распушти владата за да се обезбедат услови за демократски промени. Вети и разговори со опозицијата. Демонстрантите вчера влегоа во парламентот и го запалија. Бараат прекинување на парламентарните...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...