fbpx

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

-

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев.

„Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за ИТАР-ТАСС, откако официјална Москва го призна изборите во самопрогласените народни републики Донецк и Луганск.

– Дијалогот може да донесе резултати само под услов на рамноправност базирана на заемно почитување и доколку Киев се откаже од воените операции и „злогласните антитерористички операции“ – вели Карасин.

Коментирајќи ги санкциите со кои Западот ù се заканува на Русија поради спорните избори во самопрогласената народна република Донецк и народна република Луганск, Карасин рече дека „јазикот на санкциите е апсолутно контрапродуктивен метод за решавање на конфликт, што и историски е докажано“.

Според Карасин, сега е најважно да се преземат активни чекори за да се одржи дијалогот меѓу Киев и претставниците на Донбас. Тој додаде дека Москва ќе направи сè за да помогне во пронаоѓање решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...