fbpx

Целосно затемнување на сонцето во САД, Канада и Мексико

Милиони луѓе низ Мексико, САД и Канада ќе патуваат да го видат целосното затемнување на сонцето, кое ќе започне ова попладне, пренесува Гардијан. Затемнувањето прво ќе може да се види на западниот брег во Мексико, па ќе се „придвижи“ североисточно низ САД и Канада, по...

Хуманитарна организација го обвинува Израел за систематско таргетирање на нивните возила

Хозе Андреас, познатиот готвач и основачот на хуманитарната организација „Светска централна кујна“ (СЦК), од која седум работници беа убиени во воздушно бомбардирање од израелските сили во понеделникот, го обвини Израел за систематско убивање на работниците, чии автомобили биле таргетирани „еден по друг“, пренесува „Ројтерс“. Седумте...

Заврши потрагата по Данка, осомничените за убиство ја прегазиле со автомобил, па го фрлиле телото на депонија

Двегодишната Данка Илиќ од српскиот град Бор, која се водеше како исчезната од 26 март, била убиена со автомобил, а две лица се приведени под сомнеж дека го прегазиле девојчето, соопшти српското Министерство за внатрешни работи, а пренесува Н1. Уапсени се лицата С.Ј. (50) и...

Пукање во училиште во Финска, 13-годишник повредил тројца ученици

Пукање во основно училиште во Финска ова утро резултираше со повреди на тројца ученици од 13-годишна возраст. Финската полиција уапси осомничено лице, кое исто така има 13 години, пренесува Би-би-си. Нападот во градот Вантаа, четвртиот најнаселен град во државата, се случил пред 9 часот наутро....

Израелски напад во Газа усмрти седум хуманитарни работници од Британија, САД, Австралија, Полска

Израелски воздушен напад во Газа усмрти седум работници од хуманитарната организација Светска централа кујна (СЦК), пренесува Гардијан. Жртвите потекнуваа од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска, а еден од загинатите имал двојно државјанство од САД и Канада. Светската централна кујна, која беше клучна во доставата на...

Заврши заложничката криза во Холандија, уапсено е едно лице

Заложничката криза во холандскиот град Еде која се одвиваше денес заврши со ослободување на сите заложници кои беа држени во ноќен клуб. Лицето што ги држело заложниците излезе од клубот со кренати раце и беше уапсен. Иницијално беа ослободени тројца заложници, а подоцна беше ослободен...

Заложничка криза во Холандија

Холандската полиција извести оти има заложничка криза во централниот град Еде. Во кафуле се држат заложници. Ослободени се тројца заложници, но не е јасно уште колку заложници сè уште се во кафулето. Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани...

САД ќе даде оружја вредни милијарди на Израел

САД планира да даде оружја вредни милијарди долари на Израел, велат два извори за Гардијан. Ќе се предадат повеќе од 1800 MK84 бомби кои тежат 900 килограми и 500 MK82 бомби кои тежат 200 килограми, пишува Вашингтон пост. MK84 бомбите се користеле од израелските сили...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува Би-би-си. Коментарите на поранешен претседател на Европскиот совет доаѓаат по нов напад на Русија врз Украина....

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени, но, според британската хуманитарна организација „Набљудување на сириски човекови права“, има најмалку 40 жртви. Хезболах вели...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија. Во првите месеци на ковид-пандемијата во 2020 година, тој волонтирал во ургентен центар во Њујорк,...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш тие ќе бидат соборени од руските сили, рече рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи со пилотите на...

Британски пратеници бараат да запре продажбата на оружја на Израел

Над сто пратеници од парламентот на Велика Британија, заедно со уште 27 британски политичари, се потпишаа на писмо до државниот секретар Дејвид Камерон, во кое се бара Обединетото Кралство да престане да продава оружје на Израел, пренесува Гардијан. Во писмото стои дека е неприфатливо продажбата...

Се изгласа резолуција за итно примирје во Газа во ОН, САД воздржани

Во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) се изгласа резолуција за итно примирје во Газа, пренесува Би-би-си. Во резолуцијата се бара Хамас веднаш да ги ослободи заложниците кои ги заробија за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Русија и Кина во...

Макрон: Би било цинично Русија да го искористи терористичкиот напад во Москва против Украина

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека сите докази покажуваат дека Исламската држава (ИД) стои зад терористичкиот напад во концертната сала во Москва „Крокус сити хол“, пренесува Гардијан. Исламската држава (ИД) вчера издаде видеа од нападот кои досега не циркулираа во јавноста, со што се...

Во ОН ќе се гласа за нова резолуција за примирје во Газа, откако Русија и Кина ставија вето

Денес ќе се гласа за нова резолуција во за примирје во Газа во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), откако во петокот Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуција поднесена од Соединетите Американски Држави со која се бараше „итно примирје“, пренесува Гардијан. Руски претставник...

Четворица приведени за нападот во концертната сала во Москва

Четири лица, осомничени за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, во кој беа убиени најмалку 137 лица, беа изведени пред суд во главниот град на Русија. Сите четворица признаа вина и ќе останат во притвор најмалку два месеца, пренесува Гардијан. Осомничените Саидакрами...

Популизмот не им носи многу гласачи на големите партии во Европа

Популистичките крајнодесничарски партии во земјите на Европската Унија (ЕУ) немаат усогласени ставови и е бесполезно поголемите партии да си ги адаптираат своите политики за да ги усвојат нивните гласачи, покажува нова студија спроведена од организацијата „Европски совет за странски односи“. Во студијата се забележува усвојување...

САД предложи нацрт-резолуција во ОН за примирје во Газа

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД поднела нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за примирје во Газа, пренесува Гардијан. Блинкен вели оти резолуцијата бара „итен прекин на огнот“ и дека е врзана со ослободувањето на заложниците заробени од Хамас...

Израелска рација во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште. ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...