fbpx

Сорос: Узбекистанската власта профитира од принудната работа на памучните полиња

-

Узбекистан секоја година принудно мобилизира повеќе од еден милион граѓани за собирање памук. Поради последниот притисок на меѓународната заедница, властите на Ташкент престанаа да ги принудуваат децата да собираат памук. Сепак, собирањето на памукот зависи од возрасните, кои, според претставници на организациите за заштита на човековите права, се своевидни робови на власта.

Фондацијата „Отворено општество“, во последниот извештај „Узбекистанскиот памучен сектор: финансии и дистрибуција на ресурси“, ја отсликува политичката економија која го движи системот на принудна работа, цитирајќи поранешни државни претставници и експерти во Узбекистан.

Според извештајот, узбекистанските власти оркестрираат систем на собирање, кој обезбедува стабилен прилив на средства. Истиот тој систем, според анализата, ги осиромашува одгледувачите на памук и придонесува за мизеријата на принудните собирачи, меѓу кои има студенти, доктори и професори.

Зградата на Сенатот на Узбекистан
Зградата на Сенатот на Узбекистан

Узбекистанската влада смета дека памукот е „национално богатство“, а неговото собирање е дел од патриотските должности на сите граѓани.

– Што се случува ако не отидеш да собираш памук? Те принудуваат, ни велат дека тоа е наша должност кон државата. Ако не ни се допаѓа, можеме да си дадеме отказ. Но, не можам да дадам отказ. Кој ќе го храни моето семејство потоа? Морам да го прават тоа. Ќе си ги доработам своите 25 дена и потоа ќе се вратам на училиште – вели наставничка, која во 2013 година разговарала со локалните активисти.

Тројца обвинители од провинцијата Ташкент се разрешени во октомври годинава бидејќи не го искористиле своето влијание за да го мобилизираат локалното население за собирање памук, јави узбекистанското радио „Озодлик“. Владата на Узбекистан смета дека обвинителите и локалната администрација се одговорни да обезбедат работници за собирање памук, а тоа е последица на недостиг на економска иницијатива за привлекување работници во памучната индустрија.

Узбекистанските власти не успеаја да го изменат државниот контролен систем за собирање памук. Токму затоа тие ги заменија учениците со возрасни работници, кои се принудени да го собираат памукот.

Во извештајот на Фондацијата „Отворено општество“ се наведува дека државата нема недостиг на работна сила, бидејќи милиони Узбекистанци се принудени да ја напуштаат земјата и да заминат во Русија каде, исто така, работат физичка работа. Се поставува прашањето зошто тогаш државата ги принудува да работат. Според анализата, причината е во слабиот надомест за извршената работа бидејќи целиот профит завршува кај мал круг од авторитарната власт.

Собран памук
Собран памук

Надниците што луѓето ги добиваат се минимални, а профитот од памукот завршува во „црната кутија“ наречена Агро-фонд. Целиот профит од извозот се акумулира во Агро-фондот и се држи на посебна буџетска сметка што ја контролира највисокиот државен врв. Анализите посочуваат дека годишно од специјалниот памучен фонд исчезнуваат по една милијарда долари. Лицата кои управуваат со овој фонд, за разлика од другите богати земји, не се обврзани да поднесуваат извештај до парламентот или до јавноста за начинот на кој се трошат средствата од Агро-фондот.

Централната власт ги диктира производствените квоти, домашните набавни цени, влезот на пазарот, финансирањето на земјоделците, како и сета домашна и меѓународна продажба на узбекистанскиот памук. Таа во најголема тајност го чува искористувањето на средствата од профитот од памукот. На овој начин се создаваат тајни фондови за потребите на државниот врв.

„Узбекистански памучен сектор: финансии и дистрибуција на ресурси“ дава јасна препорака за реформи кои можат да се применат, доколку постои политичка волја. За жал, зависноста на елитата од фондовите врз кои има целосна контрола е причината зошто узбекистанскиот режим го задржува системот на принудна работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...