Фон дер Лејен: Ќе ги пренасочиме големите профити на енергетските компании и ќе оневозможиме Русија да печали

-

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, презентираше денеска пакет мерки и политики за стабилизација на енергетската ситуација и на цените на струјата, дополнително намалување на увозот на руски гас, но и ограничување на енормното богатење на енергетските компании преку манипулации, како и мерки за помош на граѓаните и бизнисите.

„Се соочуваме со невообичаена ситуација, бидејќи Русија е недоверлив снабдувач и манипулира со нашите пазари на енергија. Нашето единство и нашата солидарност ќе овозможат да преовладееме. Ја зголемивме нашата готовност и го ослабнавме стисокот на Русија врз нашето снабдување со енергија преку намалување на потрошувачката што доведе нашите заеднички залихи да бидат 82% отсто“, порача Дер Лејен, почнувајќи со руското влијание и напорите на ЕУ оваа земја да се дефакторизира.

Претседателката на Европската Комисија (ЕК) го нагласи фактот дека денеска ЕУ добива повеќе гас од Норвешка отколку од Русија.

„Преку диверзификација ги зголемивме доставките на течен природен гас, од САД, Норвешка, Алжир, Азербејџан и други земји. На пример, сега Норвешка доставува повеќе гас во ЕУ од Русија“, рече Дер Лејен, дополнително потсетувајќи дека ЕУ веќе реализира масивни инвестиции во домашни обновливи извори преку RePowerEU.

Урсула фон дер Лејен во својата презентација на мерките што ЕК ги предлага посебно се осврна на астрономските цени на струјата за домаќинствата и бизнисите, при неверојатна нестабилност на енергетскиот пазар. Таа рече оти манипулациите на пазарите на гас се прелеале и врз пазарите на струјата и затоа ќе се преземат итни мерки за да се заузда кризата и да се заштитат ранливите потрошувачи и бизниси и да им се помогне да се прилагодат на ситуацијата.

„Прво, Паметни заштеди на струја. Она што е сега променето е што глобалните достави на енергија се сиромашни. А, со ова повикуваме на паметно намалување на потрошувачката, поради што ќе предложиме јасно дефинирани цели за намалување на потрошувачката на струја во времето на најголема потрошувачка“, рече претседателката на ЕК.

Еден од најрадикалните чекори во пакетот мерки е ограничување на профитите на енергетските компании и пренасочување на огромните профити кон ранливите граѓани и компании.

„Ќе предложиме плафон за приходите на компаниите што произведуваат струја на ниски трошоци. Енергетските извори со мало учество на јаглеродот прават неверојатни приходи, што не ги рефлектираат нивните производствени трошоци. Дојде време потрошувачите да имаат корист од ниските трошоци на енергетските извори со мало учество на јаглеродот, какви што се обновливите извори на енергија. Ќе предложиме да се пренасочат овие неочекувани профити за поддршка на ранливите граѓани и компании при нивното прилагодување“, рече Дер Лејен.

Огромни профити прават и производителите на нафта и гас, па ЕК ќе предложи солидарен пакет што ќе го полнат компаниите за фосилни горива. Повторно, како и во случајот со струјата, тие пари ќе се насочуваат кон ранливите домаќинства и за инвестиции во домашни извори на чиста енергија, појасни претседателката на ЕК.

Урсула фон дер Лејен ги објасни и мерките што се предлагаат за справување со Русија и нејзиното влијание.

„Предлагаме плафон за рускиот гас. Целта е многу јасна. Мора да ги пресечеме приходите на Русија, што Путин ги користи за да ја финансира грозоморната војна против Украина. И сега нашиот труд се исплатува. На почетокот на војната, рускиот гас преку гасоводите изнесуваше 40 отсто од целиот увезен гас. Денес изнесува само 9 отсто од увозот на гас“, рече Дер Лејен, нагласувајќи дека Европјаните имаат економска моќ, политичка волја и единство за да преовладуваат.

 

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...