fbpx
Свет Страница 704

Свет

ФАЦ: Повторно воведен „црвен телефон“ меѓу НАТО и Русија

„НАТО повторно воведува директна тајна телефонска линија со рускиот воен врв“, пишува денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), повикувајќи се на анонимен извор од Алијансата. Како што пишува весникот, иницијативата за воспоставување директен контакт, во декември минатата година, ја покренал германскиот министер за надворешни работи,...

Мужниекс: Нападите врз новинарите ќе ја ослабнат европската демократија

„Денеска, 3 мај, е Светскиот ден на слободата на печатот, а денес, исто така, новинарите се сè повеќе цел на напади насекаде во Европа“, рече комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, во своето обраќање пред европските лидери, пренесува „Нова ТВ“. Тој...

Бројот на загинати во земјотресот во Непал надмина 7.000 лица

Непалската полиција денеска потврди дека бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата достигнал 7.074 лица, а 14.000 биле повредени, пренесуваат медиумите. Според официјалните податоци, во земјотресот биле уништени 141.000 куќи, а оштетени биле 150.158 домови. Како што пренесуваат медиумите, полицијата барала повеќе хеликоптери...

Македонците во Албанија незадоволни од новата територијална поделба

„БИРН-Албанија“, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Албанија, во градот Бурел организираше тркалезна маса посветена на прашања од новата територијалната поделба на земјата. Претставникот на македонско малцинство, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана - разгранок за Голо Брдо, Ули Халилај, ги истакна...

Исламска држава убила стотици заложници јесиди во Ирак

Милитанти на Исламска држава (ИД), во петокот убиле неколку стотини јесиди, кои биле држени како заложници западно од ирачкиот град Мосул, јавува „Би-Би-Си“. Од Јесидската напредна партија изјавиле дека станува збор за околу 300 заложници, кои биле убиени во областа Тал Афар во близина на...

Застрелан полицаец во Њујорк

Дваесет и петгодишен службеник на њујоршката полиција вчера бил застрелан во глава од вооружено лице во околината на Квинс, јавува „Би-Би-Си“. Полицаецот Брајан Мур, кој се наоѓа во критична состојба, бил застрелан кога со својот колега, со необележан полициски автомобил, пресретнале лице за кое претходно...

Истражување: Повеќе од 80 отсто од Французите не го сакаат Оланд за претседател

Повеќе од 80 отсто од француските граѓани не го сакаат Франсоа Оланд за шеф на државата по претседателските избори, кои треба да се одржат во 2017 година, бидејќи не постигнал добри резултати на полето на економијата, покажало истражувањето на институтот ЦСА, спроведено за интернет-страницата...

Меркел во посета на Москва на 10 мај

Германската канцеларка, Ангела Меркел на 10 мај ќе замине во Москва за да им оддаде почин на милионите убиени во текот на Втората светска војна. Меркел денеска изјавила дека и покрај несогласувањата со Русија, нејзината посета на Москва е многу важна. - Постојат големи несогласувања меѓу...

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија ќерка

Кетрин Мидлтон, војвотката од Кембриџ, утринава роди девојче, соопшти Кенсингтонската палата. Ќерката на принцот Вилијам и на Кејт, според соопштението, се родила во 8.34 часот. Таа е четврта во линијата за наследство на британската круна, по братот Џорџ, таткото Вилијам и по дедото, принцот Чарлс. Војвотката...

Војвотката од Кембриџ примена во родилиштето на болницата „Сент Мери“

Сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, која е бремена со второто дете, утрово била примена во одделот за акушерство на болницата „Сент Мери“ во Лондон, објавила Кенсингтонската палата, пренесуваат медиумите. Војвотката од Кембриџ била примена во болницата „Сент Мери“ во рана фаза...

Варуфакис, ѕвезда на првомајските протести во Атина

Масовни граѓански протести се во тек во Атина во знак на одбележување на Први мај, Денот на трудот. Илјадници граѓани организирани од големите работнички синдикати, ги исполнија улиците на грчката претстолнина за да побараат подобри работнички права, крај на работничките притисоци и на финансиската криза и...

Албанија ги отвора тајните документи од комунизмот

Албанскиот парламент изгласа закон со кој на жртвите на комунистичкиот режим им дава пристап до тајните досиеја, кои за нив ги водела тајната полиција Сигурими. Законот во Собранието бил изгласан со 88 гласови „за“ и со 22 гласови „против“. Одредбите во законот пропишуват дека поранешните...

Нередите од Балтимор се проширија во Филаделфија

Протестите што се случија во Балтимор поради смртта на младиот Афроамериканец Фреди Греј, се проширија и во Филаделфија. Околу 600 лица протестираа во тој град, барајќи правда за Греј. Исто толку луѓе беа собрани и на протестниот марш во Балтимор. Немирите се случија по погребот на Греј...

Денеска се слави Меѓународниот ден на работничката борба

Први мај е државен празник во повеќе земји во светот, во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата...

Француски војници злоупотребувале деца во Централноафриканската Република

Нова афера ја тресе Франција откако директорот за теренски операции на канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОН) во Женева, Андрес Компас, на обвинителството во Париз му доставил интерен извештај на ОН за сексуална злоупотреба на деца во Централноафриканската Репубилка,...

Грција ќе ги интензивира обидите за договор со кредиторите

Грчката влада со оптимизам очекува дека до недела ќе успее да постигне договор со европските партнери. Според информациите во Атина, извори од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас изјавиле дека тој ќе ги интензивира преговорите и контактите со европските партнери за да издејствува напредок и договор до недела. Оцените во...

Спасено 15-годишно момче од урнатините во Катманду

Петнаесетгодишно момче денеска е извлечено живо од урнатините на една зграда во Катманду, пет дена по разорниот земјотрес во Непал, соопшти полицијата. Тој е последниот преживеан во урнатините на една зграда, а пред него во вторникот непалските и француските спасувачи спасија 28-годишен маж од урантините...

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја. Како што соопшти американскиот Геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил на 154 километри јужно од градот Рабаула, на длабочина од 85 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и за причинета...

Доживотен затвор за напаѓачите на Малала

Деветте лица што ја застрелаа Малала Јусафзаи во 2012 година се осудени на доживотен затвор. Малала го преживеа нападот, се лечеше во Велика Британија и стана една од најголемите заговорнички за правото на девојчињата на образование. Минатата година, таа ја доби Нобеловата награда за мир.

„Прогрес“ ќе согори во атмосферата

Руското товарно летало „Прогрес“, кој поради дефект почнало неконтролирано да се врти во круг, ќе биде насочено кон Земјата меѓу 5 и 7 мај и ќе согори во атмосферата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос. Леталото не претставува закана за Меѓународната вселенска станица затоа што нивните...

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...