fbpx

Француски војници злоупотребувале деца во Централноафриканската Република

-

Нова афера ја тресе Франција откако директорот за теренски операции на канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОН) во Женева, Андрес Компас, на обвинителството во Париз му доставил интерен извештај на ОН за сексуална злоупотреба на деца во Централноафриканската Репубилка, во која учестувале припадници на француските мировни сили, пренесуваат медиумите.

Компас го доставил документот до француските власти откако ОН не презеле ништо за да го запрат насилството врз децата, од кои дел биле на осумгодишна возраст.

Самиот Компас, како што пишува лондонски „Гардијан“, бил суспендиран по откривањето на извештајот.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, изјавил дека доколку некои војници се однесувале лошо, тој нема да има милост кон нив. Од обвинителството соопштиле дека повеќе војници се под истрага.

Како што пренесуваат медиумите, во интерниот извештај кој протекол во јавноста, стоело дека француски војници сексуално злоупотребувале деца, на возраст од 8 до 15 години, во замена за храна и за пари, а сето тоа, наводно, се случувало во кампот за бегалци во главниот град Банги, во првата половина од минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...