fbpx

Застрелан полицаец во Њујорк

-

Дваесет и петгодишен службеник на њујоршката полиција вчера бил застрелан во глава од вооружено лице во околината на Квинс, јавува „Би-Би-Си“.

Полицаецот Брајан Мур, кој се наоѓа во критична состојба, бил застрелан кога со својот колега, со необележан полициски автомобил, пресретнале лице за кое претходно се посомневале дека е вооружено со пиштол.

Според информациите на полицијата во Њујорк, осомничениот за пукањето врз полицаецот е идентификуван како Демитриус Блеквел, и бил упасен еден час по инцидентот.

Вчерашниот инцидент, како што пренесува „Би-Би-Си“, е петти случај на пукање на полицаец во Њујорк во изминатите пет месеци.

Вооружениот инцидент доаѓа во услови кога во САД се зголемени тензиите околу прекумерната употреба на сила од полицијата.

Во петокот оваа недела, обвинителството во Балтимор објави дека се поднесени обвиненија против шест полициски службеници поради смртта на човек кој бил држен во притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...