fbpx
Свет Страница 703

Свет

Кредиторите утре ќе ги разгледаат предлог-мерките на Грција

Претставниците на Грција и меѓународните кредитори утре ќе ги разгледуваат нацрт-реформите за кои Атина се надева дека ќе бидат одобрени и ќе овозможат пуштање на неопходните заеми. Нацртот би требало да опфаќа мерки кои ги предложи министерот за финансии, Јанис Варуфакис, за време на преговорите...

Изгубена контролата над вселенкиот брод „Прогрес“

Рускиот контролен центар изгубил контрола над рускиот вселенски товарен брод „Прогрес“, кој би требало на Меѓународната вселенска станица да ѝ достави гориво и храна. „Прогрес“ има проблем со пренос на податоците и се движи неконтролирано. Затоа, руските контролори за летање одлучиле да се обидат да користат...

ЕУ драстично го ограничува користењето најлонски кеси

ЕУ го ограничува бројот на тенките најлон-кеси. Досега секој жител на земја на унијата годишно трошел во просек по 200 кеси, а до 2020 овој број ќе биде намален на 90. Европскиот парламент изгласа директива со која се ограничува користењето на тенките најлонски кеси. Се проценува дека...

Пожарот кај Чернобил е ставен под контрола

Пожарот што вчера изби во близина на нуклеарната централа Чернобил во Украина, утринава е ставен под контрола, соопштија претставниците на службата за вонредни состојби. „Шумскиот пожар е локализиран и запрен. Ситуацијата е ставена под контрола. Се продолжува со активности за сузбивање и за спречување на повторно...

Спасен маж кој 84 часа бил под урнатините во Непал

Спасувачките екипи во Непал синоќа, под урнатините на станбен блок во непалскиот главен град Катманду, успеале да го спасат 28-годишниот Риши Канал, кој 84 часа преживеал без вода и без храна. Канал, повеќе од три дена бил затрупан во соба со мртви лица. Спасувачките екипи,...

Франција го зголемува буџетот за одбраната

Франција ќе го зголеми буџетот за одбраната за речиси четири милијарди евра во период од 2016 до 2019 година и ќе распореди 7.000 војници во постојани патроли, кои ќе бидат задолжени за внатрешна безбедност. Ова денеска го најави францускиот претседател Франсоа Оланд. По џихадистичките напади...

Сопругата го гушнала Варуфакис и го спасила да не го натепаат

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, се најде на мета на група од десетина анархисти во атинскиот бунтовен кварт Ексархија. Варуфакис бил вербално нападнат од десетина анархисти за време на вечерата со неговата сопруга во еден од рестораните во Ексархија. Групата анархисти упаднала во локалот...

Хаос на улиците на Балтимор

Во Балтимор полицијата со солзавец растерала околу 200 демонстранти, кои протестирале на улиците за време на полицискиот час. Градските власти воведоа полициски час од 22 до 5 часот поради судир на полицијата и на демонстрантите по смртта на 25-годишниот Афроамериканец. Гувернерот на Мериленд изјавил дека...

Земјотрес во Босна и Херцеговина, нема повредени

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина. Земјотресот кој бил почуствуван во 18 часот, бил со сила до 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 70 километри од Славонски Брод. Во земјотресот нема повредени ниту, пак, голема материјална штета.

Тридневна жалост во Непал поради загинувањето на 4.300 лица

Непалската влада прогласи тридневна жалост поради загинувањето на повеќе од 4.300 лица во разорниот земјотрес што во саботата ја погоди сиромашната земја под Хималаите. Според последните информации, во земјотресот загинале 4.353 лица, а доброволците четврти ден по ред бараат преживеани под урнатините и ископуваат тела на...

Голем пожар во Балтимор

Еден ден по немирите во Балтимор, запален е и целосно изгоре општинскиот центар и апартманите на Баптистичката црква во источен Балтимор. Повеќе од 90 пожарникари безуспешно се обидуваа да го изгасат пожарот. Нема загинати во пожарот. Причината за пожарот се истражува, додека низ градот владеат немири по...

Во Непал, лекари оперираат на улица

Луѓето во Непал се на улица уште од саботата, стравуваат од нови потреси. Хуманитарната помош е при крај, а гладта и жедта земаат замав. Ова го раскажува хуманитарниот работник Сантош Шарма, кој учествува во помошта на загрозените. Земјотресот, според официјалните информации, однесе 3.700 животи. Десетина...

Порошенко: Украина за пет години ќе биде подготвена за влез во ЕУ

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговата земја во рок од пет години ќе ги исполни условите за членство во Европска унија. Порошенко на самитот на ЕУ и на Украина во Киев истакнал дека Украина заслужува да биде интегрален дел од Унијата и дека...

Масакр на Боко харам на остров во езерото Чад

Во напад на островот Карамага, на езерото Чад, припадници на терористичката група Боко харам убиле голем дел од жителите, како оние кои се обиделе да најдат спас во водите на езерото, така и оние кои се скриле во куќите. По доаѓањето на островот, припадниците на Боко...

Торнадо широко една милја го погоди Тексас

Торнадо широко една милја го погоди Северен и Централен Тексас, соопшти Националната метеоролошка служба, додавајќи дека на некои места паѓал град со големина на тениска топка. Повеќе од 30.000 луѓе во Тексас останале без струја, а најлоша е ситуацијата во Остин, каде 7.600 луѓе останале без...

Ципрас му попушти на Брисел и го изолира Варуфакис

Грчкиот премиер Алексис Ципрас направи измени во преговарачкиот тим за грчкиот договор со Брисел и во техничките групи. Наместо министерот за финансии, Јанис Варуфакис, лидер на преговарачкиот тим ќе биде заменик-министерот за надворешни работи, Евклидис Цакалотос. Промената предизвикаа реакции дека ова е маргинализирање на Варуфакис и...

Меркел на удар поради шпионската афера

Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината канцеларска служба се најдоа на удар на критиките на опозицијата, но и на владејачките социјалдемократи, кои бараат објаснување за обидите на американските разузнавачки служби, преку германската БНД, да шпионираат и европски компании. Генералната секретарка на Социјалдемократската партија, Јасмин Фахими,...

Преполовена е испораката на руска нафта за Европа

Преполовена е испораката на нафта од Русија до Европа преку нафтоводот „Дружба“ поради дефект во Белорусија, соопшти „Транснеф“. Испораката на нафта се очекува целосно да биде вратена во нормала до вечерва. Од „Транснеф“ соопштуваат дека поради дефектот на нафтоводот „Друѓба“, априлската испораката на нафта за Европа...

Бројот на загинатите во Непал се искачи на 3.700

Бројот на загинатите во земјотресот во Непал, според денешните податоци, порасна на 3.700, а конечниот биланс на жртвите ќе зависи од состојбата во планинските села, до кои спасувачите се уште се обидуваат да стигнат. Три хеликоптери се испратени во рамки на акцијата за спасување...

Нови протести и нови апсења во Балтимор

Триесет и четири лица се уапсени за време на вчерашните протести во Балтимор, кои избија поради смртта на еден млад Афроамериканец. За време на демонстрациите, шест полицајци се повредени. Претставникот на полицијата, Џереми Силберт, соопшти дека мал дел од учесниците на вчерашниот протест предизвикале насилство...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...