fbpx

Сопругата го гушнала Варуфакис и го спасила да не го натепаат

-

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, се најде на мета на група од десетина анархисти во атинскиот бунтовен кварт Ексархија.

Варуфакис бил вербално нападнат од десетина анархисти за време на вечерата со неговата сопруга во еден од рестораните во Ексархија. Групата анархисти упаднала во локалот и почнале да го навредуваат и да му се закануваат, со намера и физички да го нападнат.

Варуфакис во соопштение за настанот објасни дека во моментот кога групата тргнала кон него, неговата сопруга се исправила и го прегрнала, за да мора прво нејзе да ја удрат доколку се одлучат да го нападнат.

Сопругата успеала да го заштити на овој начин бидејќи групата се повлекла од локалот, но останала да ги чека пред ресторанот. Неколку минути подоцна, на излегување од локалот, повторно почнале да довикуваат и да го навредуваат, барајќи веднаш да ја напушти Ексархија.

Варуфакис тврди дека успеал да ги смири работите преку разговор со групата, која по куса расправија си заминала од местото, без да се случи каков било физички напад.

Ова не е првпат да биде нападнат грчки министер во Атина. Во мандатите на изминатите влади, со најмногу напади од граѓани се соочуваше вицепремиерот Тодорос Пангалос, кој беше нападнат со јогурт, а се соочи и со комична ситуација кога во ресторан еден од посетителите му ја зеде чинијата со риби во духот на фразата на Пангалос дека сите заедно ги „изеле“ и ги потрошиле парите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...