fbpx
Свет Страница 686

Свет

Либиските џихадисти ја демантираат смртта на Белмоктар

Либиската џихадистичка група Ансар ашарија денеска демантираше дека нивниот лидер Моктар Белмоктар, загинал во американските воздушни напади извршени во текот на викендот во Либија. Мета на нападите бил состанокот на Ансар ашарија на истокот на земјата. Во соопштението, групата ги идентификувала седумте лица кои загинале во...

Белгија поднесе тужба против „Фејсбук“

Белгиската комисија за заштита на приватноста поднесе тужба против „Фејсбук“ затоа што утврдила дека оваа социјална мрежа не ги почитува препораките за почитување на приватноста на корисниците на интернет. Ова е прва тужба која некоја европска земја ја покренала против популарната социјална мрежа. Откако „Фејсбук“ на...

На Суматра евакуирани 1.200 луѓе поради активација на вулкан

Повеќе од 1.200 луѓе се евакуирани од своите домови, чии животи се загрозени поради активностите на вулканот на островот Суматра. Надлежните институции на островот прогласиле тревога поради вулканот Синабунг уште на почетокот на овој месец, кога е забележана негова засилена активност. Во текот на минатиот викенд дошло...

Најбрзиот воз во Европа почна да сообраќа во Италија

Новиот италијански воз „Фречароса 1000“, кој може да се пофали дека е најбрзиот воз во Европа, почна редовно да сообраќа на линијата помеѓу Милано, Рим и Наполи. Засега достигнува редовна максимална брзина од 300 километри на час, до декември би требало да вози со 360...

Апел: Да не се убиваат дивите животни во Тбилиси

Да не се убиваат дивите животни што побегнаа од зоолошката градина по вчерашното невреме во Тбилиси, главниот град на Грузија, апелираше до полицијата директорот на градината. Неколку диви животни скитаа по улиците на Тбилиси откако масивните поплави им овозможиле излез од градската зоолошка, а специјални единици биле...

Изгоре базиликата во Нант

Голем пожар ја зафати денеска базиликата Сен Донатијан од 19 век во Нант, на западот на Франција, и целосно го уништи покривот на базиликата. Пожарот избил во утринските часови, по мисата, а верниците се евакуирани, соопшти за локалните медиуми, свештеникот Беноа Бертран. Околу 40 пожарникари се ангажирани за...

Опозицијата треба да формира влада во Турција

Опозициските партии во Турција се должни да формираат влада бидејќи тие заедно добија најголем број гласови на парламентарните избори на 7 јуни, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килиџароглу. Според него, „неприфатливо“ е што претседателот Реџеп Таип Ердоган е главен политички фактор...

Пропаганда на ИД на џиновски екрани

Екстремистите на Исламска држава во ирачкиот град Рамади поставиле џиновски телевизиски екрани кои се користат за да се прикажуваат видеоснимки во кои најавуваат дека ќе заземаат уште ирачки територии. На снимките се прикажани и нивните воени операции во Ирак и признанија на заробените војници. Напорите на...

Убиени тројца полицајци при судири со милитантите во Тунис

Тројца полицајци денеска се убиени во судир со милитантите на контролен пункт во централниот дел на Тунис, јавува државната агенција ТАП. Еден милитант е убиен, а еден е уапсен, се наведува во извештајот. Безбедносните сили на Тунис ги зајакнале мерките против џихадистичките групи откако вооружени лица...

Водени мушички предизвикаа хаос во Пенсилванија

Густ рој водени мушички предизвика хаос на сообраќајница и затворање на еден од главните мостови во американската држава Пенсилванија. Големиот број инсекти ја намалиле видливоста, па поради тоа било неопходно мостот на реката Сускехана, во округот Ланкастер, да биде затворен бидејќи било особено лизгаво. Мостот бил затворен доцна...

Ликвидиран познатиот екстремист Белмоктар

Влијателниот екстремист Моктар Белмоктар, кој пред две години нареди напад на алжирската рафинерија за производство на гас, убиен е за време на американските воздушни напади во Либија, соопштија властите. Белмоктар и останатите борци се убиени во напад на источниот град Аждаби, објавија либиските власти. САД потврдија...

Ципрас: Нема да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги обвини европските институции за следење сопствени политички цели и агенда против Грција со обидите за воведување нови строги мерки за штедење кои одново ќе го стегнат финансискиот ремен на Грција. По синоќешното фијаско во Брисел и ненадејното заминување на грчките претставници од...

Сè поголем бројот на починати од БИРС

Во Јужна Кореја пријавени се уште пет случаи на заболени од блискоисточен респираторен синдром (БИРС), а бројот на починатите достигна 16. Вирусот погоди вкупно 150 лица, изјави јужнокорејскиот министер за здравство. Избивањето на БИРС довело до меѓународна загриженост за јавното здравство, ја забавува економијата на земјата...

Варуфакис: Грција нема да излезе од еврозоната

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека е исклучено излегувањето на Грција од еврозоната затоа што тоа не би било разумно решение на должничката криза, а во интервјуто за германските медиуми рече дека реконструкцијата на долгот е единствениот пат напред. „Го исклучуваме „грегзит“ како...

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе...

Велика Британија слави 800 години од „Магна карта“

Велика Британија со бројни настани денеска одбележува 800 години од првиот англиски уставен документ. Големата повелба на слободата или „Магна карта лебертатум“, потпишана е на 15 јуни 1215 година, а била прв чекор кон долгиот историски процес кој довел до правна држава. „Магна карта“ ја...

Грција ненадејно ги напушти преговорите во Брисел

Преговорите меѓу Атина и Брисел повторно удрија во ѕид. Грчкиот преговарачки тим ненадејно ја напушти преговарачката маса и се враќа назад во Грција без да биде постигнат конечен договор со европските кредитори. Според информациите, двете страни остануваат на своите црвени линии, а со тоа големи се разликите...

Српската полиција на нозе, трага по киднапирано дете

Српската полиција овој викенд е на нозе, во досега незапаметена потрага по 12-годишно момче од Банатска Суботица, место на југоистокот на Војводина, кое, според информациите со кои располагаат српските медиуми, вчера било киднапирано од засега непознати лица, на стотина метри од семејната куќа. Грабнувањето на...

Кулинарски специјалитет од Тајланд предизвикува рак на црниот дроб

Тим научници и лекари од Тајланд се обидуваат да ги сменат навиките за исхрана на дел од населението во североисточниот дел од земјата, откако било откриено дека кулинарскиот специјалитет што го подготвуваат од свежа риба е главниот виновник за големата стапка на заболени од...

Протести во Никарагва против изградбата на канал меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан

Илјадници жители на централно-американската држава Никарагва излегле на протести против планираната изградба на вештачки канал, кој треба да ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, јавуваат светските медиуми. Каналот, кој ќе го гради кинеска фирма и ќе чини околу 50 милијарди долари, треба да биде подолг,...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...