fbpx

Српската полиција на нозе, трага по киднапирано дете

-

Српската полиција овој викенд е на нозе, во досега незапаметена потрага по 12-годишно момче од Банатска Суботица, место на југоистокот на Војводина, кое, според информациите со кои располагаат српските медиуми, вчера било киднапирано од засега непознати лица, на стотина метри од семејната куќа.

Грабнувањето на Стефан Илиќ го пријавил неговиот помлад брат, кој рекол дека тројцата мажи се обиделе и него да го киднапираат.

Според информациите, децата биле на ливада, во близина на куќата, кога во еден момент им се доближил црн автомобил, марка „фиат“, со затементи стакла. Тројцата мажи, насила го внеле детето во автомобилот, додека помалиот брат успеал да им побегне.

Според српските медиуми, полицијата извршила разговор со сите граѓани што би можеле да имаат некакви информации во врска со случајот, но засега нема уапсени.

Како што известува РТС, бројни полициски сили ја „чешлаат“ Банатска Суботица и околината на селото. Полицијата пребарува метар по метар, се контролираат сите автомобили на излезот од Панчево, а под строга контрола биле и сите гранични премини.

За секој случај, била ангажирана и нуркачката единица на жандармеријата, која ја пребарува реката Караш, во близина на селото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...