fbpx

На Суматра евакуирани 1.200 луѓе поради активација на вулкан

-

Повеќе од 1.200 луѓе се евакуирани од своите домови, чии животи се загрозени поради активностите на вулканот на островот Суматра.

Надлежните институции на островот прогласиле тревога поради вулканот Синабунг уште на почетокот на овој месец, кога е забележана негова засилена активност.

Во текот на минатиот викенд дошло до ерупција на вулканот, од кој се издигнувала врела пепел и потоа се спуштала низ планината Синабунг. Повредени нема.

Од почетокот на активноста на вулканот досега, евакуирани се вкупно 4.000 жители.

– Две села со 1.274 луѓе денеска се евакуирани на безбедна локација – изјави началникот Асеп Сукарна, кој додаде дека полицијата планира во наредните денови да евакуира уште пет-шест села во кои живеат околу 2.500 луѓе.

Вулканот Синабунг и претходно бил активен, а во 2013 година евакуирани биле 10.000 жители. Силна ерупција е забележана во февруари минатата година, кога загинале 16 луѓе, а илјадници морале да ги напуштат своите домови.

Синабунг е еден од 129 активни вулкани во Индонезија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...