fbpx

Белгија поднесе тужба против „Фејсбук“

-

Белгиската комисија за заштита на приватноста поднесе тужба против „Фејсбук“ затоа што утврдила дека оваа социјална мрежа не ги почитува препораките за почитување на приватноста на корисниците на интернет.

Ова е прва тужба која некоја европска земја ја покренала против популарната социјална мрежа.

Откако „Фејсбук“ на почетокот на оваа година воведе нови услови за користење, регулаторните тела за заштита на податоците од Белгија, Холандија, Франција и од Шпанија ги здружија своите напори за да истражат колку оваа социјална мрежа ја почитува приватноста на интернет-корисниците.

Регулаторните комисии од овие земји ги повикаа корисниците на интернет да инсталираат софтвер за заштита на прватноста за да се одбранат од системот за следење што го има „Фејсбук“, кој, како што наведуваат, дејствува без оглед на тоа дали тие имаат профил на социјалната мрежа.

– Изненадени и разочарани сме дека и покрај договорената средба на 19 јуни со претставниците на Белгиската комисија за заштита на приватноста, на која требаше да се разгледаат нивните барања, комисијата презеде театрална акција со доведување на „Фејсбук“ пред белгискиот суд на правдата – вели портпаролката на „Фејсбук“ за Европа, Тина Кулоу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...