fbpx

Граѓани со марш побараа правда за мигрантите

-

Стотина граѓани на повик на неформалното движење „Протестирам“ излегоа на солидарен марш кој почна пред Владата, преку Бит-пазар и заврши пред Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, каде се сместени стотици мигранти, пренесува „Радио МОФ“.

Активистите на арапски и на македонски јазик, пред оградата на центарот, ги читаа основните човекови права.

– Знаеме дека спиете на под, дека немате топла вода. Ги знаеме неправдите со кои се соочувате. Кој и да излезе од вас има право да ја тужи државата во Стразбур. Ние сме народ и земја која во историјата имала бегалци, како Егејците и Косовците. Ние живееме со тоа чувство, дојдовме да им кажеме на овие луѓе дека им го разбираме јазикот и маката. Не бараме ништо посебно од властите, само да има измени во законите – рече аналитичарот Рамадан Рамадани.

На англиски јазик, од Центарот, помош во името на сите побара еден од затворените мигранти, кој посочи дека внатре има и професори и студенти и лица на кои им е неопходна лекарска помош.

– Ние сме сведоци на ова валкано место. Ние немаме проблем со македонскиот народ, туку само сакаме да поминеме. Велат дека е нелегално. Ја минавме и Турција, но никој не рече ништо. Ние сме тука бидејќи нашиот народ е во војна и во оган. Во многу лоша ситуација сме, ни треба поддршка, некој да нè слушне. Ние умираме. Ние сме тука бидејќи законот не нè поддржува нас, туку криминалците. Вие сте единствените што можат да ни помогнат. Извлечете нè одовде – побараа мигрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...