fbpx
Свет Страница 660

Свет

Најдени остатоци од авион, се претпоставува дека се од исчезнатиот „МХ370“ на „Малезија ерлајнс“

Остатоци од патнички авион, за кои се претпоставува дека се од авионот на „Малезија ерланјс“ од летот „МХ370“, кој исчезна лани во март, вчера биле најдени на островот Рејунион, во Индискиот Океан, пренесуваат медиумите. Сепак, малезиските власти велат дека сè уште е рано да се изнесуваат...

Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики. Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан. Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во...

Путин: Русија ќе стави вето на формирањето посебен суд за „МХ17“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска навести дека Москва ќе вложи вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН да се воспостави меѓународен суд кој би ги процесирал одговорните за уривањето на малезискиот авион „МХ17“ над Украина пред една година. Путин денеска во телефонски разговор...

Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

„Безбедносната зона“, која САД и Турција ја планираат во Сирија, е обид на Анкара да ги запре Курдите во нивниот обид да воспостават своја територија, изјавил за „Би-Би-Си“ лидерот на турската прокурдска партија, Селахатин Демиртас. Според Демитрас, операциите на Турција против милитантите на Исламска држава...

САД го ослободуваат израелскиот шпион Полард

Американец осуден на 30 години затвор поради шпионирање за Израел ќе биде ослободен во ноември, откако е усвоено неговото барање за привремено пуштање на слобода, објавија денеска неговите адвокати. Џонатан Полард, поранешен аналитичар во американската морнарица, е затворен во 1987 година затоа што давал доверливи...

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за трибунал за падот на „МХ17“

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата за воспоставување меѓународен трибунал за падот на патничкиот авион „МХ17“ на компанијата „Малезија ерлајнс“ во Украина во јули минатата година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Нацрт-резолуција предложи Малезија во име на петте...

Камерон загрижен поради навалата на мигранти од Кале

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изрази загриженост поради обидот на 2.000 имигранти насила, пеш да минат низ железничкиот тунел под каналот Ламанш, меѓу Кале во Франција и брегот на Велика Британија. - Тоа е особено загрижувачко - рече Камерон за време на посетата на Сингапур и...

Турски авиони бомбардираа курдски бунтовници

Турската војска денеска соопшти дека нејзините борбени авиони нападнале позиции на курдските бунтовници, како одговор на нападот на нејзините војници во близина на границата со Ирак. Во соопштението се наведува дека курдските екстремисти отвориле оган врз турските војници, поради што реагирала авијацијата во провинцијата Сирнак. Размената...

Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска се спушти на најниска вредност во последните речиси шест месеци, откако падот на цената на кинеските акции го зголеми сомнежот во изгледите за побарувачка на сурова нафта од Кина, водечкиот светски потрошувач. Цената на барел сурова нафта во...

ЕУ го демантира Варуфакис дека ја контролира даночната агенција на Грција

Европската унија денеска ги негираше тврдењата на поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, дека меѓународните кредитори, освен што го надгледуваат користењето на пактот помош доделен на Атина, ја контролираат и даночната агенција на Грција. - Тврдењата на Варуфакис дека „тројката“ има контрола над грчкиот...

Турција не побарала испраќање НАТО-сили во земјата

Членките на НАТО денеска во Брисел најостро ги осудија терористичките напади на градот Суруч во Турција, на турско-сириската граница, како и другите напади на полициски и на воени сили. Во соопштението се наведува дека сигурноста на Атлантскиот сојуз е неделив и оти членките на унијата силно и...

Поплавите во Виетнам однесоа 14 животи

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што го зафатија Халонг, летувалиште на североистокот на Виетнам, соопштија денеска локалните власти. Три лица, исто така, се водат како исчезнати во најтешките поплави во Виетнам во последните 40 години. Властите соопштија дека неколку илјади куќи се поплавени и оштетени на...

Бахреин: Убиени двајца полицајци во бомбашки напад

Двајца полицајци се убиени, а шест се повредени во бомбашки напад јужно од Манамa, главниот град на Бахреин, соопштија локалните власти. Министерството за внатрешни работи на Бахреин денеска на „Твитер“ објави дека полицајците се убиени во „терористичка експлозија“ во претежно шиитската заедница Ситра. Наводно, еден од...

Смртна казна за синот на Гадафи

Саиф ел Ислам Гадафи, најистакнатиот син на убиениот либиски лидер Муамер Гадафи, осуден е на смрт заедно со осум други припадници на поранешната влада, јавува „Раша тудеј“. Осуден е во отсуство во Триполи, заедно со другите високи членови на власта која беше соборена во 2011...

Ердоган бара одземање на имунитетот на политичарите поврзани со терористички групи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е невозможно да се продолжи мировниот процес со курдските милитанти и од парламентот побара на политичарите поврзани со „терористичките групации“ да им се укине имунитетот од кривично гонење. Коментарот на Ердоган е објавен неколку дена откако турското воено...

Столтенберг: Алијансата е со Турција

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата цврсто стои зад својата членка Турција, која е соочена со „ужасни терористички акти“. - НАТО внимателно го следи развојот на ситуацијата и се солидаризираме со нашиот сојузник Турција. Тероризмот во сите облици никогаш не може да...

„Тројката“ повторно во Атина

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на европските институции се вратија во Атина и од изутринава веќе ги чешлаат државните институции со барања за спроведување реформи за подобра функционалност на државата и за намалување на државните трошоци. Под силно полициско присуство, 45 функционери...

Член на британскиот парламент си поднел оставка поради скандал со дрога

Заменик-спикерот на Домот на лордовите (Горниот дом) на британскиот парламент си поднел оставка откако бил снимен како, наводно, користи дрога во друштво на проститутки, јавува „Би-Би-Си“. Снимките до кои дошол таблоидот „Сан“ (The Sun), објавени во неделата, покажуваат како лорд Суел шмрка прав (најверојанто кокаин)...

Вонреден состанок на членките на НАТО поради кризата на турско-сириската граница

Сите 28 членки на Северноатланската алијанса (НАТО) ќе одржат вонреден состанок на кој ќе се дискутира за воената кампања на Турција насочена против Исламска држава (ИД) и курдските милитанти, јавуваат медиумите. Состанокот е на барање на Турција, чија политика во однос на сирискиот конфликт изминативе десетина...

Обама во Африка разговара за Јужен Судан

Во Адис Абеба, претседателот на САД, Барак Обама, и африкански лидери разговараа за конфликтот во Јужен Судан, соопшти извор од американската делегација во престолнината на Етиопија. Освен Обама, на средбата учествувале претседателите на Кенија, Етиопија, Уганда и на Судан, како и претставници на Африканската унија. Тие...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...