Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

-

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики.

Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан.

Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во тек е истрага во врска со тврдењата за смртта на Омар.

Изминатиов период во медиумите се појавија повеќе информации дека лидерот на талибанците е мртов, но последните се земаат посериозно бидејќи доаѓаат од високи извори.

Според „Би-Би-Си“, се очекува наскоро со изјава да излезат и претставниците на талибанците. Извори од двата главни совета на талибанците во Куета и во Пешавар во Пакистан за британскиот национален сервис изјавиле дека во тек биле интензивни разговори околу наследникот на Мула Омар.

Во меѓувреме, потврда за смртта на талибанскиот лидер пристигнала и од луѓе блиски до претседателот на Авганистан, Мухамад Ашраф Гани.

Од пакистанската влада и од безбедносните служби во земјата засега не ги коментираат тврдењата за смртта на Мула Омар.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...