fbpx

Турција не побарала испраќање НАТО-сили во земјата

-

Членките на НАТО денеска во Брисел најостро ги осудија терористичките напади на градот Суруч во Турција, на турско-сириската граница, како и другите напади на полициски и на воени сили.

Во соопштението се наведува дека сигурноста на Атлантскиот сојуз е неделив и оти членките на унијата силно и солидарно стојат за Турција.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека Турција не побарала никаква поддршка за присуство на воените сили на Атлантскиот сојуз, но Советот на НАТО ги разгледал опасностите и заканите за Турција, по терористичкиот напад на турска територија.

Столтенберг рече дека НАТО не учествава во создавање „безбедна зона“ на сириска територија кон границата со Турција, туку тоа билатерално го подготвуваат Турција и НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...