fbpx
Свет Страница 659

Свет

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Варшава

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 332 патника и членови на екипажот, принудно слетал на меѓународниот аеродром „Фредерик Шопен“ во Варшава, соопшти аеродромската управа. - „Боинг 777-300“ безбедно слета, а патниците се евакуирани – соопшти портпаролот на аеродромот во Варшава, притоа одбивајќи да ги открие...

Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК

Курдската работничка партија (ПКК) нападна армиски баталјон во југоисточниот округ Ширнак, Турција. Во нападот загинаа тројца турски војници. Од армијата соопштија дека во тој реон сега се водат борби. Оттаму потврдија и дека позиции на ПКК биле нападнати од воздух со хеликоптери. Лидерот на прокурдската Демократската...

Ципрас: Левичарската влада или ќе има поддршка од пратениците на СИРИЗА или ќе падне

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отворено им стави до знаење на членовите на СИРИЗА дека веќе не смее да се дозволи внатрешно бунтување против владините одлуки и крајно време е сите да преземат одговорност за компромис што ќе ја осигури стабилноста на Грција. Премиерот предлага или да...

Мјанмар ослободи близу 7.000 затвореници во пресрет на изборите

Властите на Мјанмар помилувале и ослободиле околу 7.000 затвореници, меѓу нив и 210 странци, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на официјални информации од владата. Амнестијата, која, според министерството за информации, била иницирана од претседателот од „хуманитарни причини“, доаѓа пред изборте во Мјанмар, кои се закажни за...

Крај на големите забави на плажа на грчките острови?

Грчкото министерство за финансии забрани секаков вид забави на плажа, концерти и музички настани низ островите во Грција. За зачувување на јавниот ред и мир, од министерството е испратен документ до сите општини на островите, бизнисмени и до крајбрежната стража, со кое јасно се забранува...

Камерон: Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите

Велика Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите во Кале, изјави британскиот премиер, Дејвид Камерон, по обидите на стотици мигранти да го минат тунелот под Ла Манш и да стигнат до островот. Премиерот Камерон ги предупредил илегалните мигранти дека ќе бидат остранети од Велика...

ОН побараа од кипарските Грци и Турци да постигнат договор

Од кипарските Грци и Турци, Советот за безбедност на ОН побара да ја искористат сегашната можност од обновените преговори и да постигнат мировен договор за обединување на островот. Во резолуцијата на СБ на ОН се поздравува напредокот во новите преговори, водени од кипарскиот претседател Никос...

Најдени остатоци од авион, се претпоставува дека се од исчезнатиот „МХ370“ на „Малезија ерлајнс“

Остатоци од патнички авион, за кои се претпоставува дека се од авионот на „Малезија ерланјс“ од летот „МХ370“, кој исчезна лани во март, вчера биле најдени на островот Рејунион, во Индискиот Океан, пренесуваат медиумите. Сепак, малезиските власти велат дека сè уште е рано да се изнесуваат...

Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики. Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан. Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во...

Путин: Русија ќе стави вето на формирањето посебен суд за „МХ17“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска навести дека Москва ќе вложи вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН да се воспостави меѓународен суд кој би ги процесирал одговорните за уривањето на малезискиот авион „МХ17“ над Украина пред една година. Путин денеска во телефонски разговор...

Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

„Безбедносната зона“, која САД и Турција ја планираат во Сирија, е обид на Анкара да ги запре Курдите во нивниот обид да воспостават своја територија, изјавил за „Би-Би-Си“ лидерот на турската прокурдска партија, Селахатин Демиртас. Според Демитрас, операциите на Турција против милитантите на Исламска држава...

САД го ослободуваат израелскиот шпион Полард

Американец осуден на 30 години затвор поради шпионирање за Израел ќе биде ослободен во ноември, откако е усвоено неговото барање за привремено пуштање на слобода, објавија денеска неговите адвокати. Џонатан Полард, поранешен аналитичар во американската морнарица, е затворен во 1987 година затоа што давал доверливи...

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за трибунал за падот на „МХ17“

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата за воспоставување меѓународен трибунал за падот на патничкиот авион „МХ17“ на компанијата „Малезија ерлајнс“ во Украина во јули минатата година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Нацрт-резолуција предложи Малезија во име на петте...

Камерон загрижен поради навалата на мигранти од Кале

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изрази загриженост поради обидот на 2.000 имигранти насила, пеш да минат низ железничкиот тунел под каналот Ламанш, меѓу Кале во Франција и брегот на Велика Британија. - Тоа е особено загрижувачко - рече Камерон за време на посетата на Сингапур и...

Турски авиони бомбардираа курдски бунтовници

Турската војска денеска соопшти дека нејзините борбени авиони нападнале позиции на курдските бунтовници, како одговор на нападот на нејзините војници во близина на границата со Ирак. Во соопштението се наведува дека курдските екстремисти отвориле оган врз турските војници, поради што реагирала авијацијата во провинцијата Сирнак. Размената...

Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска се спушти на најниска вредност во последните речиси шест месеци, откако падот на цената на кинеските акции го зголеми сомнежот во изгледите за побарувачка на сурова нафта од Кина, водечкиот светски потрошувач. Цената на барел сурова нафта во...

ЕУ го демантира Варуфакис дека ја контролира даночната агенција на Грција

Европската унија денеска ги негираше тврдењата на поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, дека меѓународните кредитори, освен што го надгледуваат користењето на пактот помош доделен на Атина, ја контролираат и даночната агенција на Грција. - Тврдењата на Варуфакис дека „тројката“ има контрола над грчкиот...

Турција не побарала испраќање НАТО-сили во земјата

Членките на НАТО денеска во Брисел најостро ги осудија терористичките напади на градот Суруч во Турција, на турско-сириската граница, како и другите напади на полициски и на воени сили. Во соопштението се наведува дека сигурноста на Атлантскиот сојуз е неделив и оти членките на унијата силно и...

Поплавите во Виетнам однесоа 14 животи

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што го зафатија Халонг, летувалиште на североистокот на Виетнам, соопштија денеска локалните власти. Три лица, исто така, се водат како исчезнати во најтешките поплави во Виетнам во последните 40 години. Властите соопштија дека неколку илјади куќи се поплавени и оштетени на...

Бахреин: Убиени двајца полицајци во бомбашки напад

Двајца полицајци се убиени, а шест се повредени во бомбашки напад јужно од Манамa, главниот град на Бахреин, соопштија локалните власти. Министерството за внатрешни работи на Бахреин денеска на „Твитер“ објави дека полицајците се убиени во „терористичка експлозија“ во претежно шиитската заедница Ситра. Наводно, еден од...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...