fbpx
Свет Страница 661

Свет

Русија се заканува со контрасанкции

Официјална Москва не ја исклучува можноста Русија да воведе реципрочни мерки кон Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и кон Украина, земји кои се приклучија кон антируските санкции на ЕУ, објави „Спутник“. - Овие мерки, секако, може да бидат донесени. Уште еднаш повторувам дека тоа...

САД воведоа нови санкции кон Русија

САД воведоа нови санкции кон Русија и на листата казнети поради руските постапки во Украина се додадени соработници на руски милијардер и трговец со гас, управата на кримското пристаниште и некогашни украински претставници. Канцеларијата за надзор на странски средства на американското министерство за финансии (ОФАЦ)...

Германија покрена истрага против новинари за предавство

Германија покрена истрага за можно предавство против интернет-страница која објави планови за зголемување на приходите на разузнавачката агенција за следење активности на интернет. Германските медиуми наведуваат дека ова е првпат по повеќе од 50 години новинари да се соочуваат со обвинение за предавство. Ваквиот чекор,...

Нетанјаху: Убиството на палестинското бебе е терористички напад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека пожарот кој го предизвикале еврејските екстремисти, а во кој загина палестинско бебе, претставува „терористички напад“. Израелската полиција наведе дека еврејските екстремисти со „националистички мотиви“ се осомничени за подметнување на пожарот во селото Дума на Западниот Брег, во близина на...

Поплавен главниот град на Парагвај

Најмалку 37.000 лица се евакуирани од парагвајскиот главен град Асунсион, поради поплавите што настанаа по излевање на реката Парагвај од своето корито, јавија локалните медиуми. Метеоролозите сметаат дека излевањето на реката е последица на природниот феномен Ел Нињо, кој предизвика зголемување на температурата во источниот дел...

Средба на кредиторите и на министерот за финансии на Грција за новиот кредит

Претставниците на мисијата на грчките кредитори денеска ќе се сретнат со грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалотос, во рамки на преговорите за новиот кредит за Грција, соопшти синоќа Атина. Сепак, Меѓународниот монетарен фонд претходно наведе дека нема да учествува во планот за помош сè додека властите...

Конституиран Советот на општина Пустец, раководен од МАЕИ

Во Пустец, на конститутивна седница, и официјално е потврден составот на Советот на Општината, кој брои 15 членови, од кои 12 се претставници на победничката коалиција на последните локални избори, предводена од партијата на Македонците – МАЕИ. Советот го верификува мандатот на петнаесетте советници, пред...

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Варшава

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 332 патника и членови на екипажот, принудно слетал на меѓународниот аеродром „Фредерик Шопен“ во Варшава, соопшти аеродромската управа. - „Боинг 777-300“ безбедно слета, а патниците се евакуирани – соопшти портпаролот на аеродромот во Варшава, притоа одбивајќи да ги открие...

Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК

Курдската работничка партија (ПКК) нападна армиски баталјон во југоисточниот округ Ширнак, Турција. Во нападот загинаа тројца турски војници. Од армијата соопштија дека во тој реон сега се водат борби. Оттаму потврдија и дека позиции на ПКК биле нападнати од воздух со хеликоптери. Лидерот на прокурдската Демократската...

Ципрас: Левичарската влада или ќе има поддршка од пратениците на СИРИЗА или ќе падне

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отворено им стави до знаење на членовите на СИРИЗА дека веќе не смее да се дозволи внатрешно бунтување против владините одлуки и крајно време е сите да преземат одговорност за компромис што ќе ја осигури стабилноста на Грција. Премиерот предлага или да...

Мјанмар ослободи близу 7.000 затвореници во пресрет на изборите

Властите на Мјанмар помилувале и ослободиле околу 7.000 затвореници, меѓу нив и 210 странци, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на официјални информации од владата. Амнестијата, која, според министерството за информации, била иницирана од претседателот од „хуманитарни причини“, доаѓа пред изборте во Мјанмар, кои се закажни за...

Крај на големите забави на плажа на грчките острови?

Грчкото министерство за финансии забрани секаков вид забави на плажа, концерти и музички настани низ островите во Грција. За зачувување на јавниот ред и мир, од министерството е испратен документ до сите општини на островите, бизнисмени и до крајбрежната стража, со кое јасно се забранува...

Камерон: Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите

Велика Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите во Кале, изјави британскиот премиер, Дејвид Камерон, по обидите на стотици мигранти да го минат тунелот под Ла Манш и да стигнат до островот. Премиерот Камерон ги предупредил илегалните мигранти дека ќе бидат остранети од Велика...

ОН побараа од кипарските Грци и Турци да постигнат договор

Од кипарските Грци и Турци, Советот за безбедност на ОН побара да ја искористат сегашната можност од обновените преговори и да постигнат мировен договор за обединување на островот. Во резолуцијата на СБ на ОН се поздравува напредокот во новите преговори, водени од кипарскиот претседател Никос...

Најдени остатоци од авион, се претпоставува дека се од исчезнатиот „МХ370“ на „Малезија ерлајнс“

Остатоци од патнички авион, за кои се претпоставува дека се од авионот на „Малезија ерланјс“ од летот „МХ370“, кој исчезна лани во март, вчера биле најдени на островот Рејунион, во Индискиот Океан, пренесуваат медиумите. Сепак, малезиските власти велат дека сè уште е рано да се изнесуваат...

Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики. Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан. Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во...

Путин: Русија ќе стави вето на формирањето посебен суд за „МХ17“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска навести дека Москва ќе вложи вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН да се воспостави меѓународен суд кој би ги процесирал одговорните за уривањето на малезискиот авион „МХ17“ над Украина пред една година. Путин денеска во телефонски разговор...

Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

„Безбедносната зона“, која САД и Турција ја планираат во Сирија, е обид на Анкара да ги запре Курдите во нивниот обид да воспостават своја територија, изјавил за „Би-Би-Си“ лидерот на турската прокурдска партија, Селахатин Демиртас. Според Демитрас, операциите на Турција против милитантите на Исламска држава...

САД го ослободуваат израелскиот шпион Полард

Американец осуден на 30 години затвор поради шпионирање за Израел ќе биде ослободен во ноември, откако е усвоено неговото барање за привремено пуштање на слобода, објавија денеска неговите адвокати. Џонатан Полард, поранешен аналитичар во американската морнарица, е затворен во 1987 година затоа што давал доверливи...

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за трибунал за падот на „МХ17“

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата за воспоставување меѓународен трибунал за падот на патничкиот авион „МХ17“ на компанијата „Малезија ерлајнс“ во Украина во јули минатата година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Нацрт-резолуција предложи Малезија во име на петте...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...