fbpx

Ципрас: Левичарската влада или ќе има поддршка од пратениците на СИРИЗА или ќе падне

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отворено им стави до знаење на членовите на СИРИЗА дека веќе не смее да се дозволи внатрешно бунтување против владините одлуки и крајно време е сите да преземат одговорност за компромис што ќе ја осигури стабилноста на Грција.

Премиерот предлага или да се одржи конгрес на партијата во септември, по постигнување договор со кредиторите, на кој може да дојде до клучни промени во функционерите и во органите на СИРИЗА, или, пак, веднаш, следната недела да се направи внатрешен референдум околу мерките што владата ги договори со кредиторите.

– Првата левичарска влада или ќе има поддршка од левичарски пратеници или ќе падне –  дециден беше Ципрас на состанокот на централниот комитет на СИРИЗА, на кој ќе се донесе одлука за иднината на партијата.

И во двата случаи, внатрешен референдум или конгрес во септември, се смета дека Ципрас ќе има мнозинска поддршка. Против неговите одлуки и договорот со кредиторите остро се противат 53 пратеници од левото крило во партијата, предводено од поранешниот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, бројка која се смета дека нема да е доволна за да се помати сегашната позиција на Ципрас и на владата.

Во обраќањето до членовите на партијата, Ципрас истакна дека владата изминатиот период се соочила со голема дилема дали да се откаже од договор или да се договори компромисно решение, кое, за жал, не било ниту тоа што го посакувале, ниту тоа што го планирале за Грција. Како што посочи, одлуката да се прифати тежок компромис наспроти неконтролиран банкрот, била водена од големата слика, односно од интересите на народот, а не од партиските интереси.

Премиерот уште еднаш децидно посочи дека трет избор, односно излез од еврозоната, никогаш не бил избор на владата на СИРИЗА, дури ни со распишувањето референдум на кој, како што истакна, барањето била силна народна поддршка за подобри преговарачки позиции, а не „не“ за еврото.

– Излезот од еврото без странски резерви ќе значеше сурова рецесија, голема девалвација и ново барање заем од ММФ – забележа Ципрас, објаснувајќи дека финансиските тешкотии за Грција немало да исчезнат во случај на излез од еврозоната и раздор со ЕУ.

Првиот човек на СИРИЗА побара поддршка од сите за да може непречено да продолжи да функционира првата левичарска влада. Истакна дека во партијата не постои такво нешто како полевичари и помалку левичари, повеќе и помалку бунтовници. Забележа дека е нелогично и парадоксално тие што гласаа против владините одлуки и договорот да продолжат да тврдат дека и понатаму ја поддржуваат владата и јасно побара да постои заедничка позиција на пратениците во парламентот во моментот кога СИРИЗА е владејачка партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...