fbpx

Путин: Русија ќе стави вето на формирањето посебен суд за „МХ17“

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска навести дека Москва ќе вложи вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН да се воспостави меѓународен суд кој би ги процесирал одговорните за уривањето на малезискиот авион „МХ17“ над Украина пред една година.

Путин денеска во телефонски разговор со холандскиот премиер Марк Руте рекол дека Русија е против оваа идеја, која ја поддржува и Украина.

Украина и Западот ги сомничат проруските и руските војници на истокот на Украина дека со ракета земја-воздух го обориле авионот, во кој 200 од 298 патници биле Холанѓани.

Русија ја негира одговорноста за нападот, а Путин, како што соопшти Кремљ, рекол дека меѓународниот суд би бил „неподобен“ затоа што Москва имала „многу прашања“ за истрагата во која имала малку пристап.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...