fbpx

„Кранфилд фаундри“ ќе гради леарница во Пробиштип

-

Kомпанијата „Кранфилд фаундри“ во Пробиштип ќе гради леарница за производство на делови на автомобилската индустрија. Инвестицијата чини 15 милиони евра и во компанијата ќе се вработат 280 лица. Производството треба да почне најдоцна за една година.

Договорот го потпишаа менаџерскиот тим на „Кранфилд фаундри“ и ресорниот министер Бил Павлевски.

Според премиерот Никола Груевски, инвестицијата се реализира во Пробиштип за да се зголеми вработеноста.

Владата ќе помогне во изградбата на потребната инфраструктура во индустриската зона Пробиштип, каде ќе биде сместен новиот погон.

„Кранфилд фаундри“ е компанија основана од руски капитал, дел од бизнис-групата „Кранфилд“, во семејна сопственост чии основачи имаат долга традиција во металургискиот сектор во Русија.

Компанијата „Кранфилд фаундри ДООЕЛ Скопје“ со капитал од 100.000 евра е формиранa во април 2014 година или четири месеци пред изработката на документот за намера за градење на леарницата.

Сопствeник е фирма регистрирана во рајот за офшор-компании, Девствени Острови. Седиштето на компанијата „Кранфилд бизнис груп лимитед“ е улицата Тридент Чамбер, каде има регистрирано повеќе други компании. Веројатно, станува збор за седиште на адвокатска канцеларија, која работи на регистрација на фирми.

Интересно е дека адресата на странската компанија „Роанд таун тортола“, стои и во тековната состојба на „Метрудхем“, фирма која сакаше да ја рестартира велешка „Топилница“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...