fbpx

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана бара дијаспората да гласа

-

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ги осудува предлозите со кои би се одзело правото на Македонците надвор од Република Македонија да гласаат на претседателски и на парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици од дијаспората.

– За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Македонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег, кој укажува на длабоко нивно непочитување. Ние сакаме да учествуваме во градењето на македонската слободна и демократска држава, на тоа имаме право, пред сè, поради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината – соопштија од Македонско друштво „Илинден”.

Од друштвото сметаат дека Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и интегрален елемент за унапредување на сите полиња, особено надворешната политика и економијата.

– Истовремено, Македонците однадвор, редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесуваат за зголемувањето на локалната економија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија треба да продолжат да го уживаат правото на глас и да бидат претставени преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел – напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците воопшто – се вели во соопштението на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...