fbpx

„Го сакам Водно“: Загадувањето во Скопје нема да се намали со изградба на гасовод низ Водно

-

На Водно и со сменетата траса ќе се исече шума со површина колку целиот булевар Партизански Одреди, а широчината на трасата и сега на места е и по 46 метри, не 10 метри. Исто така, наспроти тврдењата на Владата, трасата потоа не ќе може да се пошуми. Ние сме за гасовод, ама не на Водно, порачаа од иницијативата „Го сакам Водно“ денеска на прес-конференцијата, реагирајќи на вчера изнесените тврдења на Владата за сменетата траса на гасоводот.

– Загадувањето во Скопје нема да се намали со изградба на овој гасовод низ Водно. Ни ПМ честици, ни азот диоксид, ни сулфур диоксид! Ширење на невистина, крајна и безобѕирна манипулација со јавноста е ваквото тврдење. Овој гасовод не е наменет за Скопје, всушност Скопје има гасовод веќе 20 години – но нема развиена дистрибутивна мрежа – порачаа екологистите.

Тие велат дека трасата не смее да се пошумува, мора да остане гола за пристап на возила и да не се оштети гасоводот од корењата на дрвјата.

Според „Го сакам Водно“, не е точно и дека Скопје не сака да овозможи гасификација на Тетово, Гостивар и Кичево – затоа што овој проект е далеку од реализација.

– Доведување на јавноста во заблуда е да се каже дека уште оваа есен граѓаните на Скопје или кој било во земјава ќе ги почувствува придобивките на гасификацијата од изградбата на овој проект! Доведување на гас до секое семејство ќе почека долги години, сигурно повеќе од пет. До тогаш дрва ќе се горат и во Скопје и во Тетово и во Гостивар и во Кичево! Дистрибутивна мрежа нема во ниту еден од градовите долж трасата. Срамно е да се каже дека Скопје стои на патот на гасификација на другите градови – рекоа екологистите.

За пофалбите од власта дека ќе се дадат 700.000 евра за пошумување на Водно, велат дека станува збор за законска обврска, а сумата е речиси еднаква на таа што се дава за хортикултурно одржување и уредување на речиси двојно помала површина отколку просторот на којшто ќе се работи на Водно.

– Немојте да кажете дека грмушки, ружи и темјаншки чинат повеќе од 40-65 години стари дрвја – беше пораката до власта.

„Го сакам Водно“ го нападна и Министерството за животна средина и просторно планирање, велејќи дека оди против своите претходни одлуки.

– МЖСПП во минатото не го прифатиле решението трасата да оди по сртот на Водно, сега го бранат истото. Зборуваме за стручност или политички одлуки? Не е вистина дека строго и прецизно ја мониторира имплементацијата на изградбата на гасоводот – голем дел од мерките за намалување на негативните влијанија врз животната средина не се спровеле до сега, а градењето низ Водно започна уште во март, а останатиот дел на трасата минатата година. Нема обезбедена супервизија од експерт еколог или биолог – велат екологистите.

Тие обвинуваат и дека е вршено сечење и корнење на  грмушки и дрвја во периодот кога не смеело, односно додека се гнездат птиците (од 1 март до 30 септември) и дека не е извршен мониторинг на клучни природни живеалишта и биодиверзитетот по трасата на движење на гасоводот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...