fbpx

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за трибунал за падот на „МХ17“

-

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата за воспоставување меѓународен трибунал за падот на патничкиот авион „МХ17“ на компанијата „Малезија ерлајнс“ во Украина во јули минатата година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Нацрт-резолуција предложи Малезија во име на петте земји што учествуваат во истрагата за трагедијата, вклучувајќи ги Австралија, Белгија, Холандија и Украина.

Трибуналот ќе се потпира на резултатите од техничката и од кривичната истрага.

Русија, која е една од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН и со право на вето, постојано истакнува дека нема да ја поддржи резолуцијата.

– Ќе гласаме против и во тоа нема сомнеж. Доколку нацрт-резолуцијата добие девет или повеќе гласови, Русија ќе стави вето – рече постојаниот амбасадор на Русија во ОН, Виталија Чуркин.

Русија поднесе своја нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН, во која ја поддржува меѓународната истрага. Во документот се поддржува именувањето на специјален претставник на генералниот секретар на ОН за истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...