fbpx

Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК

-

Курдската работничка партија (ПКК) нападна армиски баталјон во југоисточниот округ Ширнак, Турција. Во нападот загинаа тројца турски војници.

Од армијата соопштија дека во тој реон сега се водат борби. Оттаму потврдија и дека позиции на ПКК биле нападнати од воздух со хеликоптери.

Лидерот на прокурдската Демократската партија на народите, Селахатин Дермиташ, ја обвини владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека ја вовлекува Турција во конфликт како одмазда зашто го загуби парламентарното мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...