Европската унија денеска ги негираше тврдењата на поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, дека меѓународните кредитори, освен што го надгледуваат користењето на пактот помош доделен на Атина, ја контролираат и даночната агенција на Грција.
– Тврдењата на Варуфакис дека „тројката“ има контрола над грчкиот генерален секретаријат за јавни финансии се неточни и неосновани – изјави портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, на прес-конференција.
Варуфакис, седум дена откако поднесе оставка на функцијата министер за финансии, телефонски разговарал со група инвеститори од Лондон, а транскриптот се појави во јавноста.