fbpx
Македонија Страница 1628

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се реализираа низа проекти од интерес на младите

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на соопштението на СДСМ за мерките што лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, ги најави пред младите во Младинскиот културен центар. - Само во последните два месеци, владата на ВМРО-ДПМНЕ промовираше дури 20 проекти од кои добивките ги ползуваат сите млади лица во земјата. Денеска...

СДСМ: Груевски е лицемер и нема легитимитет да зборува за младите

Опозицискиот СДСМ реагираше на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред младите во Младинскиот културен центар. - Сите ветувања кои лажно ги ветуваш за младите се од функција на политички маргиналец, на залезот од својата кариера. Те чека соочување со одговорноста за тоа што им...

Груевски: Во обновување на амфитеатарот Скупи ќе се вложат 8,5 милиони евра

Aмфитеатарот во Скупи ќе биде обновен, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обраќањето пред младите во Младинскиот културен центар. - Целта на проектот е целосна реконструкција, врз основа на сочуваните архитектонски елементи и преку аналогија со театри кои се блиски до амфитеатарот во Скупи....

Заштита на границите на Македонија и на Србија побара Курц

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара заштита на границите со Македонија и со Србија за да се заштити шенген-зоната. Шефот на австриската дипломатија, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, истакна дека сè додека обезбедувањето на грчко-турската граница не...

Скопското обвинителство поднесе обвинение за пукањето во хирургот во Клинички центар

Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против осомничениот кој пукаше и го рани абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ на клиниката за дигестивна хирургија во ноември минатата година, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, тој се товари за обид за убиство и за неовластено изработување, држење и...

Груевски најавува како да е премиер: Стипендии за најдобрите 100 студенти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја најави новата мерка наменета за младите, наречена „Млади амбасадори“. Мерката е наменета за средношколците што ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади. - За освоен златен медал, средношколецот ќе добива по 12.000 денари секој месец цела година. За освоен сребрен...

Поднесено обвинение против полицаец кој нудел поткуп на сведок на Јанева

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело обвинение против вработен во Министерството за внатрешни работи, осомничен дека му нудел поткуп на лице за да се појави како сведок пред суд и да даде одреден исказ, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тој, според Обвинителството,...

Трибина на тема „10 години заробена македонска држава“

Државната власт која управува со Македонија на недемократски начин го држи целото општество под заложништво, сметаат учесниците на трибината што се одржа во Тетово, под наслов „10 години заробена македонска држава“. Говорниците истакнаа три столба кои, според нив, се виновни, за како што го нарекоа,...

Аневски: Јанева прекршила закони и брутално ги избркала двете обвинителки

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ги прекршила Законот за јавни обвинители и Законот за работни односи и на брутален и непримерен начин ги отстранила двете обвинителки од нејзиниот тим, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Патер Аневски, по денешната седница на советот на...

За 24 часа во Македонија влегле 2.173 бегалци

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.173 бегалци и мигранти, од кои 889 од машки и 446 од женски пол, како и на 837 деца што го придружуваат носителот на потврдата...

ССНМ и ЗНМ: СДСМ да ни го достави предлог-законот за медиуми, да видиме за што се залага

„Според информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување професионални стандарди. Затоа бараме оваа пртија да ни го достави својот предлог-закон, а во спротивно тоа ќе го побараме од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат...

Имаме 1,8 милиони гласачи на 2 милиони жители, 20.000 повеќе од 2014 година

Бројот на гласачи од парламентарните избори во 2014 година до декември минатата година се зголемил за речиси 20.000 граѓани. Ако во 2014 година имало 1.780.000 гласачи, сега тој број, според информации од ДИК од последното ажурирање на списокот во декември минатата година е 1.800.011. Според процената на населението...

Во Собранието ќе се одржат четири комисиски седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за одбрана, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија. Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, а Комисијата за одбрана...

Попоски на неформален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска и утре во Амстердам ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, на кој се поканети и земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Албанија, Црна Гора,...

Бакојани до Коѕиас: Дали знаете дека ЕУ ќе даде пари за Македонија да се справи со бегалците?

Поранешната шефица на грчката дипломатија и моментално одговорна за надворешна политика во Нова демократија, Дора Бакојани, активираше нов аларм за можно исклучување на Грција од шенген-зоната. Бакојани испрати пратеничко прашање до грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, околу информациите дека Европската унија планира финансиска...

Селмани: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се здружија за да го минираат предлогот на Ванхауте

Ниту законот предложен од СДСМ не е прифатлив за Здружението на новинари на Македонија. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги здружија напорите да го минираат предлогот на европскиот посредник Питер Ванхауте, за реформа на медиумскиот систем. Тој на својот фејсбук-профил напиша...

Времето денеска студено и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, со засилен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час. За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. До понеделник ќе преовладува стабилно време со...

Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци

Грчко-македонската граница ќе биде блокирана и денеска. Грчките земјоделци ќе ги блокираат премините Евзони и Дојран од 12 до 14 часот и 18 до 21 часот по грчко време. За утре земјоделците се закануваат со 24-часовна блокада на патиштата и на границите од пладне в сабота до пладне...

САД ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги поддржи Катица Јанева и ДИК

Кејт Брнс, претставничка на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, ја повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на специјалната обвинителка во сите фази на нејзината работа, објави „НоваТВ“. „САД ги поздравува напорите за примена на Договорот од Пржино кој е најдобриот пат...

Заев: Има докази дека „врхушката на власт“ ги организирала кумановските настани

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва пред жителите на скопската населба Капиштец, меѓу другото, рече дека има сериозни докази дека кумановските настани од 9 и од 10 мај минатата година ги организирала „врхушката на власт“. „Кумановските настани имаат оставено сериозни докази дека врхушката на власт...