fbpx

Заев: Има докази дека „врхушката на власт“ ги организирала кумановските настани

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва пред жителите на скопската населба Капиштец, меѓу другото, рече дека има сериозни докази дека кумановските настани од 9 и од 10 мај минатата година ги организирала „врхушката на власт“.

„Кумановските настани имаат оставено сериозни докази дека врхушката на власт ги организирала. И, на крајот, ја гледате ли бесрамноста? Еден ден по кумановските настани, каде што изгубивме осум животи на млади полицајци, дале 2 милиони и 600 илјади евра на „Сител“, на „Алфа“, на „Канал 5“ да ја лажат повторно јавноста“, ја пренесува „А1 он“, изјавата на Заев.

На средбата со жителите на Капиштец, Заев вели дека не случајно барале да имаат министер во Министерството за внатрешни работи, туку за да можат да реагираат доколку некој на изборите се обиде да краде гласови и да заплашува.

„Во Изборниот законик е предвидено, тој што купува гласови и уценува да одговара со казна затвор од три до пет години. Затоа и го баравме Министерството за внатрешни работи за да има директна реакција. Тој што ќе го фатат како краде гласови и заплашува, веднаш има наредба Оливер Спасовски да апси и да приведува. Слободно изразена волја е императив, светост и има да ја постигнеме“, вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...