fbpx

Груевски најавува како да е премиер: Стипендии за најдобрите 100 студенти

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја најави новата мерка наменета за младите, наречена „Млади амбасадори“.

Мерката е наменета за средношколците што ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади.

– За освоен златен медал, средношколецот ќе добива по 12.000 денари секој месец цела година. За освоен сребрен медал, на добитникот ќе му се исплаќаат по 10.000 денари 12 месеци. Средношколците што ќе освојат бронзен медал, 12 месеци ќе добиваат по 8.000 денари. Наградата што ќе ја прими ученикот, ќе ја прима и наставникот по математика кој го водел ученикот и го довел до ниво за меѓународна награда – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски најави и вработување на 100 најдобри студенти на додипломски студии. Тој рече дека по завршувањето на образованието, ќе добијат работа и сигурна егзистенција, најсилен поттик на оние кои инвестирале во своето образование.

– Од секоја учебна година стоте најдобри што дипломирале на државни универзитети во Македонија ќе бидат вработени во јавната администрација, акционерски друштва. Ќе се подготви методологија за рангирање во согласност со просечната оцена во текот на студирањето и ќе има околу 70 отсто удел во конечно рангирање. Поседување меѓународен сертификат за трите најчесто користени јазици на ЕУ издаден од официјален европски тестатор ќе има удел од 20 отсто во рангирање. Трет критериум ќе биде брзината на завршување на додипломските студии. Предвид ќе бидат земени најдобрите од петте најдобро рангирани универзитети во Македонија. Секоја година од прворангираниот – 30 најдобри, од второрангираниот – 25, треторангираниот – 20, од четврторангираниот – 15 и од петторангираниот – 10 студенти. Во критериумите ќе биде и елементот на тоа колку испити има положено студентот кај професор што има повеќе од два објавени труда во меѓународни списанија со импакт-фактор – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...