fbpx

Трибина на тема „10 години заробена македонска држава“

-

Државната власт која управува со Македонија на недемократски начин го држи целото општество под заложништво, сметаат учесниците на трибината што се одржа во Тетово, под наслов „10 години заробена македонска држава“. Говорниците истакнаа три столба кои, според нив, се виновни, за како што го нарекоа, диктаторскиот режим во Македонија.

– Добивме еден систем на владеење, режим кој низ злоупотреба на повеќе канали во општеството, успева да ја зароби државата. Првиот столб е високата партизација на институциите. Вие денеска не можете никаде да се вработите, дури ни во приватниот сектор, ако немате партиска книшка. Имаме и високо ниво на клиентализам и одредени групи и луѓе поради некаков, па дури и мал интерес, ја подржуваат власта. Во таа недемократска сфера на владеење е обидот да се редефинира македонскиот индентитет и како врв на сето ова е полициската држава која владее во Македонија – изјави Сашо Ордановски, учесник на трбината.

Главен рецепт за излез од ваквата состојба, според аналитичарот Суад Мисини, е разбудување на граѓанството и негова поголема мобилизација и спротиставување на незаконитоста што владее во Македонија.

– Треба да се воспостави правна држава и институции што се независни и функционални. За тоа да се случи, треба граѓани кои се свесни за својата моќ, граѓани што се свесни од имањето на поимот сопствена држава – истакна Мисини.

На трибината која се одржа синоќа, присуствуваа преставници на повеќе невладини организации и на политички партии од опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...