fbpx

За 24 часа во Македонија влегле 2.173 бегалци

-

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.173 бегалци и мигранти, од кои 889 од машки и 446 од женски пол, како и на 837 деца што го придружуваат носителот на потврдата и на уште едно дете што патува без придружба, соопштија МВР.

Според податоците на службите, најмногу потврди се издадени на државјанина Авганистан (855 ), 835 потврди се издадени на државјани на Сирија, а 483 на државјани на Ирак.

Од Секторот за азил при МВР соопштија дека во изминатото деноноќие не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годинава досега во земјата влегле 60.146 бегалци и мигранти, од кои 24.820 се од машки пол, 12.873 се од женски и 22.339 се деца што го придружуваат носителот на потврдата. Уште 114 деца што патуваат без родител исто така добиле потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 29.416, од Авганистан се 19.169 лица и од Ирак – 11.558.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...