fbpx
Македонија Страница 1521

Македонија

Иванов: Ги истрошивме сите ресурси за мигрантите во иднина ќе треба помош

Претседателот Ѓорге Иванов при учеството на самитот „Брдо-Бриони процесот“ во Сараево истакнал дека како држава ги истрошивме сите наши ресурси за справување со мигрантите и дека во иднина очекува помош и поддршка. - Армијата и полицијата ги користат буџетските средства кои се однесуваат на безбедносниот аспект...

НДМ: Иванов не може да распознава што значи интерес на државата

При иста реалност во земјата, претседателот не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки за иста фактичка и правна ситуација, што значи кршење на Уставот, со што, дополнително ја продлабочува тешката политичка криза во која е заглавена земјата...

ЛДП: Селективните аболиции ја погазуваат правната држава и владеењето на правото

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател се главните заклучоци на Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), по синоќешниот состанок на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата. - Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција,...

Европските социјалисти со силна поддршка за демократска Македонија

Претседателот на Социјалдемократската младина и пратеник (СДММ), Стефан Богоев заедно со секретарот на СДММ, Трајче Нешковски учествуваат на одбележувањето на 120 години - социјалдемократија во Словенија. Богоев оствари средба со претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев и со потпретседателот на групата на...

Гарет: За еднаквост пред законот потребно е целосно поништување на аболицијата

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот профил на „Твитер“ напиша дека за да бидат сите еднакви пред законот, потребно е поништување на аболицијата за сите 56 лица.   https://twitter.com/BritAmbCGarrett/status/736833172126715904 Поддршка за целосно, а не парцијално поништување на аболицијата дадоа и Европската унија и американската амбасада во Македонија. Претседателот, Ѓорге Иванов...

Сончево и многу топло време

Времето ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава. Утринската температура...

Крајно време е за завршен удар, порачаа демонстрантите

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена. На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја. Претходно...

Владата набавува опрема за да ги подобрила условите за работа на новинарите

Владата на Република Македонија започна со постапка за набавка на нова аудио-визуелна опрема за потребите на владиниот прес-центар, информираат оттаму. Како што се вели во нивното соопштение до јавноста, „со ваквата набавка на техничката опрема првенствено ќе се излезе во пресрет на потребите на новинарите...

Објавени имињата на лицата за кои Иванов ја поништи аболицијата

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски се дел од лицата за кои претседателот Ѓорге Иванов...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Иванов за аболиција на 22 лица

Вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов е на линија на нашите активности и е добра одлука која ја поздравуваме. Мислам дека е одличен чекор и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се...

Вечерва протест на „Шарената револуција“ и забава „Информативен разговор“

Протести на „Шарената револуција“ во 18 часот и забава насловена „Информативен разговор“ пред полициската станица „Беко“ во 20 часот ќе се случуваат вечерва во Скопје. Од граѓанското здружение „Протестирам“ порачуваат дека парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаат и нема да дозволат „поигрување на претседателот со правдата“....

Груевски: Засега не се враќам на позицијата премиер

Одлучив засега да не се враќам на позицијата претседател на Владата, бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку,...

Заев учествува на Регионалниот молитвен појадок во Србија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска учествува на Регионалниот молитвен појадок во Белград. Настанот го организира Собранието на Република Србија, како иницијатива за регионално подобрување на односите меѓу соседите, продлабочување на соработката со државите од регионот и светот. На денешниот настан во Белград присуствуваат повеќе од 200...

Сончево и топло време

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне...

Хан побара аболицијата да се укине за сите

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ја критикуваше одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата за само 22 лица. „Одлуката на претседателот Иванов да ја поништи аболиција на одреден број луѓе не е доволно. Како што ЕУ истакна во повеќе наврати, сеопфатно решение е...

САД: Делумното повлекување на аболицијата ги загрозува аспирациите кон НАТО и ЕУ

Американската амбасада во Македонија повика на целосно повлекување на аболицијата со цел државата да се врати на нејзиниот евроатлантски пат. „Како што рековме минатата недела, делумното или селективното повлекување на помилувањето ќе придонесе за пораст на чувството на неказнивост во земјата и ќе ја попречи Македонија...

„Шарена револуција“: Селективната правда е неправда

Полициски сили, меѓу кои и припадници на специјалните единици го блокираа пристапот околу Собранието од сите страни и не им дозволија на демонстрантите вечерва да се приближат, за да не можат да фрлаат боја со катапултот. За разлика од претходните деновите кога полицијата беше во...

Не може да постои незаконитост и селективна правда, порача Орав

Евроамбасадорот, Аиво Орав на „Твитер“, порача дека не може да има селективна правда и дека сите помилувања треба да се повлечат. „Помилувањата мора да се укинат. Не може да постои незаконитост и селективна правда“, напиша Орав. https://twitter.com/AmbassadorEU/status/736260902337564672 Брисел исто така порача дека сите помилувања од претседателот мора...

Коцијанчич: Иванов мора неодложно да ги отповика сите помилувања

Брисел одблизу ја следи ситуацијата во земјава и повторуваме дека е потребно да се повлече аболицијата за сите лица, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич на прашање на „Мета“, како ја коментираат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за парцијално повлекување на аболицијата. - Ние постојано ја...

„Телма“ е згрозена од нападите од сите страни

Телевизија „Телма“ е згрозена од тенденциозните шпекулации изнесени во соопштенијата на ЗНМ и опозициските портали како и владините портали и обидот ситуацијата мотивирана од финансиски причини да добие политички контекст. „Притоа провладините портали го обвинија менаџментот на „Телма“ дека наводно брка новинари кои одбиваат да...

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...