fbpx

Владата набавува опрема за да ги подобрила условите за работа на новинарите

-

Владата на Република Македонија започна со постапка за набавка на нова аудио-визуелна опрема за потребите на владиниот прес-центар, информираат оттаму.

Како што се вели во нивното соопштение до јавноста, „со ваквата набавка на техничката опрема првенствено ќе се излезе во пресрет на потребите на новинарите и квалитативно унапредување на условите за работа, запазувајќи ги високите стандарди на оперативност и функционалност.“

– Тоа ќе овозможи подобри услови за презентација на владините политики и проекти, за инклузија на поголем број мислења во креирањето на истите, како и поголеми можности за дебата и подобра информираност на граѓаните и субјектите за можностите кои се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат преку реформите – се вели во соопштението од Влада.

Денеска медиумите објавија дека оваа опрема, Владата ќе ја чини еден милион и 46 илјади евра.

– Во набавката освен предметната опрема е вклучена нејзина монтажа, и ставањето во функција. Дополнително со ваквата набавка ќе се опремат и три сали за состаноци. Значајно е да се истакне дека запазени се сите законски процедури и избрана е најповолната и најевтината понуда која одговара на пропишаните критериуми, притоа со одличен квалитет. Постапката е спроведена низ транспарентна процедура запазувајќи ги пропишаните правила во Законот за јавни набавки – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...