Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ја критикуваше одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата за само 22 лица.
„Одлуката на претседателот Иванов да ја поништи аболиција на одреден број луѓе не е доволно. Како што ЕУ истакна во повеќе наврати, сеопфатно решение е клучот за да се избегне селективната правда“, напиша Хан на „Твитер“.
"As stated repeatedly by #EU, #comprehensive solution is key to avoid #selective #justice" 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) May 27, 2016
"#Skopje: "President #Ivanov's decision to annul #pardons for only a number of people, is not sufficient". 1/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) May 27, 2016
Претседателот Иванов денеска ја поништи одлуката за аболиција на 22 политички експонирани лица, додека останатите од 56 аболирани ќе треба индивидуално да поднесат барање за поништување, доколку се одлучат за тоа.
Одлуката на Иванов ја искритикуваа и САД.