fbpx

САД: Делумното повлекување на аболицијата ги загрозува аспирациите кон НАТО и ЕУ

-

Американската амбасада во Македонија повика на целосно повлекување на аболицијата со цел државата да се врати на нејзиниот евроатлантски пат.

„Како што рековме минатата недела, делумното или селективното повлекување на помилувањето ќе придонесе за пораст на чувството на неказнивост во земјата и ќе ја попречи Македонија да направи прогрес кон најважните цели, вклучувајќи го и прогресот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора сеопфатно да се справи со овој проблем“, стои во реакцијата на амбасадата на САД, по денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи аболицијата за 22 лица кои се политички експонирани.

Иванов во обраќањето до граѓаните рече дека другите 56 лица кои биле аболирани можат индивидуално да поднесат барање за поништување на неговата одлука. Тој истакна дека неговата одлука, која имала за цел да и помогне на земјата да излезе од политичката криза била погрешно разбрана не само во Македонија, туку и од меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...