fbpx

„Телма“ е згрозена од нападите од сите страни

-

Телевизија „Телма“ е згрозена од тенденциозните шпекулации изнесени во соопштенијата на ЗНМ и опозициските портали како и владините портали и обидот ситуацијата мотивирана од финансиски причини да добие политички контекст.

„Притоа провладините портали го обвинија менаџментот на „Телма“ дека наводно брка новинари кои одбиваат да работат под диктат на СДСМ. ЗНМ обвинува дека „Телма“ наводно планира да отпушти критички настроени новинари со цел цитираме: ‘Да го обезличи и онеспособи медиумот да истражува сериозно злоупотреби на власта’. Ова само потврдува дека некои портали и здруженија на новинари се филијали на двете најголеми политички партии кои на секој настан се обидуваат да му дадат политички призвук и од тоа да остварат дневно-политичка корист“, стои во соопштението од телевизијата.

Од таму велат дека им е драго што обете страни ја напаѓаат „Телма“ со некаков политички контекст бидејќи тоа, според нив, е уште една потврда дека телевизијата има објективна уредувачка политика без било каков простор врз неа да влијаат политички центри на моќ.

„Најголем доказ за тоа е оценката на владиниот мониторинг АВМУ и на независниот мониторинг МОДЕМ како и мониторинзите на ОБСЕ дека „Телма“ известува објективно професионално и критички“, стои во соопштението на телевизијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...