fbpx
Македонија Страница 1520

Македонија

Пратеникот Павле Трајанов доживеал сообраќајна несреќа

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во саботата доживеал сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Гевгелија, соопшти партијата на нивниот „Фејсбук“ профил. Сообраќајката се случила околу 16.15 часот кога во близина на мостот на Водисирска Река, возилото кое доаѓало од спротивен правец престигнувало цела колона, на полна...

Се чисти Собранието од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на дигалки го чистеа Собранието од боите кои зад себе ги остави „Шарената револуција“ и демонстрантите кои месец и половина протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари и нивни соработници против кои се водат кривични постапки. Зградата на...

Нов Закон за полициското снимање на настани денеска пред пратениците

Денеска пратениците во Собранието на пленарна седница треба да одлучуваат по предлог-измените на Законот за полиција кои се однесуваат на снимањето на настани од страна на полицијата, кои се честа појава изминатиов период, особено за време на протестите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и на...

Реакции на „Твитер“ и на „Фејсбук“ за настапот на Иванов во Сараево

Вчерашниот настап на претседателот, Ѓорге Иванов на панелот на процесот „Брдо-Бриони“, во Сараево во кој тој рече дека „ако Исус Христос и Мухамед се јават во Македонија, ќе бидат убиени“ предизвика низа реакции на социјалните мрежи. „Фејсбук“ за кратко време се наполни со статуси: „Маја, не...

Илина Арсова и Филип Василевски стапнаа на врвот Денали во Алјаска

На 24 мај, планинарите Илина Арсова и Филип Василевски се качија на врвот Денали во Алјаска висок 6.195 метри. Тие се и првите Македонци кои македонското знаме го ставија на врвот Мера на Хималаите висок 6.478 метри. Познатата алпинистка, охриѓанката Илина Арсова, во мај 2013 година го...

Комисијата за импичмент на Иванов денеска на дневен ред во Собранието

Пратениците на денешната 103. пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници. Оваа точка не беше дел од дневниот ред, што службата за односи со јавност на...

Селективната аболиција не поминува кај меѓународната заедница

Претседателот, Ѓорге Иванов во петокот, минатата недела, реши да ги поништи помилувањата на 22 политичари од вкупно 56 аболирани лица, одлука која наиде на жестоки критики од претставниците на меѓународната заедница. Денеска, според најавите, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да излезе со официјален коментар за...

Министерот Попоски во посета на Холандија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска е во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија. Од МНР информираат дека Попоски ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент, како...

Денеска во Собрание ќе се расправа за неколку закони по скратена постапка

Денеска во рамките на 103 седница пратениците ќе треба да расправаат повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот...

Сончево време, со температура до 33 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност и услови за изолирана нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе изнесува...

Иванов: И Исус и Мухамед да се јават сега во Македонија – ќе ги убијат

Модераторот на панелот на денешниот самит на процесот „Брдо-Бриони“ во Сараево му поставил прашање на претседателот Ѓорге Иванов „Како Александар Македонски денеска би се снашол во бизнисот во Македонија,“ на што тој одговори дека ќе ја промени приказната и ќе одговори дека „и Исус Христос...

Иванов: Ги истрошивме сите ресурси за мигрантите во иднина ќе треба помош

Претседателот Ѓорге Иванов при учеството на самитот „Брдо-Бриони процесот“ во Сараево истакнал дека како држава ги истрошивме сите наши ресурси за справување со мигрантите и дека во иднина очекува помош и поддршка. - Армијата и полицијата ги користат буџетските средства кои се однесуваат на безбедносниот аспект...

НДМ: Иванов не може да распознава што значи интерес на државата

При иста реалност во земјата, претседателот не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки за иста фактичка и правна ситуација, што значи кршење на Уставот, со што, дополнително ја продлабочува тешката политичка криза во која е заглавена земјата...

ЛДП: Селективните аболиции ја погазуваат правната држава и владеењето на правото

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател се главните заклучоци на Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), по синоќешниот состанок на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата. - Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција,...

Европските социјалисти со силна поддршка за демократска Македонија

Претседателот на Социјалдемократската младина и пратеник (СДММ), Стефан Богоев заедно со секретарот на СДММ, Трајче Нешковски учествуваат на одбележувањето на 120 години - социјалдемократија во Словенија. Богоев оствари средба со претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев и со потпретседателот на групата на...

Гарет: За еднаквост пред законот потребно е целосно поништување на аболицијата

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот профил на „Твитер“ напиша дека за да бидат сите еднакви пред законот, потребно е поништување на аболицијата за сите 56 лица.   https://twitter.com/BritAmbCGarrett/status/736833172126715904 Поддршка за целосно, а не парцијално поништување на аболицијата дадоа и Европската унија и американската амбасада во Македонија. Претседателот, Ѓорге Иванов...

Сончево и многу топло време

Времето ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава. Утринската температура...

Крајно време е за завршен удар, порачаа демонстрантите

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена. На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја. Претходно...

Владата набавува опрема за да ги подобрила условите за работа на новинарите

Владата на Република Македонија започна со постапка за набавка на нова аудио-визуелна опрема за потребите на владиниот прес-центар, информираат оттаму. Како што се вели во нивното соопштение до јавноста, „со ваквата набавка на техничката опрема првенствено ќе се излезе во пресрет на потребите на новинарите...

Објавени имињата на лицата за кои Иванов ја поништи аболицијата

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски се дел од лицата за кои претседателот Ѓорге Иванов...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...